банка (имн.) - во (предл.)

Не е случајна концентрацијата на многуте светски банки во Франкфурт.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Татко ми од Мелбурн, додека беше уште жив, како што се бевме договориле, ми испрати една сума пари во бренчот на Сити банк во овој град (во нашите банки во тие години немавме доверба откога милионски суми на штедачите им пропаднаа) и јас, бидејќи веќе планирав да патувам во Измир, реков дека и така ќе поминам во Истанбул и ќе ги земам парите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се определив за банкарство и отворив акционерска банка во Куманово.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Гемиџиите направиле план преку подземен канал да стигнат до темелите на филијалата на Отоманската банка во Солун и со динамит да ја дигнат зградата во воздух.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во рамките на борбата за своите права (чл. 61 од Берлинскиот договор предвидувал спроведување реформи во Ерменија слично на чл. 23 кој се однесувал на Македонија), во август 1896 година ерменските револуционери, приврзаници на Комитетот “Дашнак“, снабдени со 16 кг динамит поставен во торби, влегле во Отоманската банка во Цариград, ја заклучиле вратата и ја окупирале.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Имајќи го овој динамит, гемиџиите уште во втората половина на 1902 година веќе можеле да ја дигнат Банката во воздух.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Кон почетокот на март 1903 година било готово сè филијалата на Отоманската банка во Солун да биде фрлена во воздух.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
По ненадејното откривање на каналот при Отоманската банка во Цариград, речиси секој кој од поблиску ги следел револуционерните настани во Македонија можел да претпостави дека реално би било такви акции да се подготвуват и на друго место.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Оттогаш Отоманската банка во Солун била добро чувана, но нападот се очекувал над земја.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тоа е уште почудно зашто откривањето на каналот под Отоманската банка во Цариград не било така одамна.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тој ги запознал своите пријатели за добиените пари од Сарафов и од Гоце Делчев (Т.Органџиев тврди дека Орце примил 5.000 лева од Гоце Делчев) и за можностите веднаш да ја продолжат работата за минирање на филијалата на Отоманската банка во Солун.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Преку изнајмениот магазин од Нанчо Сл.Мерџанов, П.Соколов, П.Манџуков и П.Шатев го копале каналот што требал да ги доведе до темелите за минирање на Отоманската банка во Цариград.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
121 Писма со иста содржинаТито упати и до управите на Бразилската национална банка во Рио де Жанеиро, на Турската национална банка во Анкара, на Државната благајна во Вашингтон. 122 Претседателот на НКОЈ Јосип Броз Тито на 18 март 1944 година ја извести Управата на државната благајна на Велика Британија дека го овластува Рудолф Бичаниќ, вицегувернер на Народната банка на Кралството Југослаивја, „да ги застапува интересите на југословенската Народна банка и да го оневозможи вадењето на нејзините депозити ... од чија и да е страна без согласност на НКОЈ.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
130 Кон средината на септември 1943 година, во Врховниот штаб на НОВ и ПО на Југославија пристигна англо-американска воена мисија со членот на Британскиот парламент, генералот Фицрој Маклин. 132 Статијата беше објавена во одделни брошури на англиски и на српски јазик во сојузничкиот печат.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Чула ли некогаш за таа скромна музичарка? И за нејзината мајка. Иако презимето на Елен е Голдбаум.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Умрена од глад и истоштеност, кон крајот на војната, непосредно пред влегувањето на руските сили” - како што читам во нејзиниот „пасош” - во логорот на смртта Освјенцим како што би рекла таа, или Аушвиц како што би рекла мајка ѝ.  Кога се вратив во Скопје, Елен Голдблум беше замината на Мартиник, набрзо, слушнав, добила преместување во претставништвото на Светската банка во една азиска земја на Кавказот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Брзо стасал абер од амбасадорот. Тој ѝ ги дал сите упатства, како да стигне до своите сестри и браќа, до својата рода од Измир до Цариград, до Ерзурум и до други градови. ѝ ја посочил и банката во која се наоѓал последниот аманет на нејзиниот татко, оставен пред смртта.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)