бања (имн.) - во (предл.)

Таа парцела во гробиштата во Бристол Илко ја закупи со госпоѓата Ана што ја запозна во бањата во Бристол каде што се лечеше од реума и која го зеде да живее кај неа и која го засака толку што не сакаше и по смртта да се раздели од него, та закупи парцела за гроб и за неа и за него - еден крај друг.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Немал затворено дно, туку херметички продолжувал во вратот на мешлест сад наречен кукурбит, кој ја содржел течноста за дестилација и делумно бил вкопан во песокот на атанорот, поради порамномерно загревање.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во истиот број на списанието Тајм аут во кој читателите се повикуваат да ја посетат „Легендарната збирка за Џоан Крафорд“ во Сан Франциско, за да видат „зошто оваа класична холивудска ‘мамичка’ е навистина најмила“, во еден друг напис со наслов „Најдобрите бањи во САД чии сопственици се геј“ се наведува дека „геј-гуруто за нега на кожата Енрике Рамирез, родум од Мексико“, во својата бања Лице в лице во Њујорк на клиентките им ја нуди „масажата Најмила мамичке за ублажување едеми и болки во грбот при бременост (без грижа, не се користат закачалки)“.183 Најмила мамичке содржи многубројни сцени во кои се преодигрува, на својствен екстравагантен начин, судирот мајка-ќерка што толку впечатливо се прикажува во Милдред Пирс.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Превод од шпански: Фросина Стојковска ________________ 20 Атанор (Atanor), арапски al-tannar, печка со песочна бања во алхемиска лабораторија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)