бег (имн.) - да (сврз.)

Овдека, од овие блиските села сум од Ореовец, ако си го чул — одговори Горѓи Ацев, кој за првпат беше попаднал во затворот, бидејќи ги бунел селаните да не ги оставаат прилепските чорбаџии и бегови да си ги оберат лозјата, додека не платат на селото по десет гроша на дулум.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На Катето од Стевана Толе не се задржа, бидејќи тоа веќе беше во бегови раце, та немаше нужда бегот да бара начини да го втерува во неговата мрежа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Гревота е да му ја дадеме на бегот да му ја испече на валијата.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Катето го разбра разговорот, но од дома беше учено: „виде — не видов; чу — не чув", ништо да не кажува, па ни пред бегот да се испушта дека разбрало што зборува тој и што прави.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)