бег (имн.) - или (сврз.)

Бездруго не бил Евреин, и тие не знаеле дали е Турчин или потурченик, бег или одметник од Турците; дури и ако сакал нешто да им каже, не можеле да го чујат - ревеле, тој само безгласно ја отворал устата кога се фрлиле на него и, веќе соборен, без замав со јатаганот и подалеку од белецот, почувствувал удари со ножови, со секири и со колови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе се најде некој авалеџиа, бег или наш чорбаџиа шо ќе даде некој грош за децата да јадат, а за второто — неоти и вака главата ти е сигурна?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Само малку потоа можеле да видат дека има зелени, скоро девојчински очи, бледо чело и ретка, свилеста, некако еврејска брада.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)