бег (имн.) - не (чест.)

Мусли бег не беше подготвен така брзо да го прифати предизвикот на Дамчета, но и не сакаше неговите да помислат дека се уплашил, па, не испуштајќи ја пушката од раце, рипна од коњот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Работата кај бегот не му е тешка, та никакви дамки ни драскотници не се забележуваа ни по лицето, ни по рацете.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тој не ора, не копа, не жние, не врши. Него бегот не може да го псуе на вера и закон, не може да го продаде како другите чифчии, но сепак може да му удри некој и друг дипшик, да го измаскари и да го напади предвреме без да му ја исплати заслужената руга.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Голи биле ритчињата, можеле да се доголат и планините - утре ни беговите не ќе најдат дрво да обесат осуденик, ни копуците ќе најдат гранка да му го скршат вратот на бегот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Ќе се збрчкуваат, ќе станат старци без мустаќи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Секоја куќа со воденица, мајко. Беговите не ќе ни можат ништо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со чувство на вина што не се простува, ноќта се распаѓала на резенки и претставувала уште само сенка на ридови и на ритчиња, премногу косопасни и соголени од чифлигџии и селски копуци за да минат запрегите низ шума или да се присокријат негде призраците на Самоиловата коњица, или на Крум или на Душан, или на кој и да е војувач на ова парче земја чиј народец го проретчувал кој како ќе стаса, најпосле врз неговата тиква да се струполи и топузот на Бајазитовите потомци, тој топуз да ги потурчува каменот, земјата и човекот со тапија потпишана одлево надесно и да граба од 'ржена слама машки деца - подоцна под сабјата на младите јаничари да дојде понекогаш родниот брат или татко, ни колачот ни закланиот да не знаат дека крвта пролеала своја крв.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Затоа беговите не се жалеа кога умираа половината од децата. – Добар сој е нашата раја – многупати си велеа некои од нив. – Нема да останеме без работници дури вака се котат како зајаци...
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Затоа бегот не им дозволи на бугароманите да градат црква сред село, туку ги истера од сарајот, велејќи им дека можат да се молат во старата црква Свети Атанас, надвор од селото.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)