белешка (имн.) - дека (сврз.)

Сето ова ако не ги расплакало, тогаш сигурно тоа го направило она што го има во понатамошните мои дневни белешки дека дојдов до таму ако не најдам место каде да спијам книгите ќе ги оставам кај Евтим а по три четири саати ќе преспивам во чекалната на станицата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Но, признај, ти немаш белешка дека си му го предал на твојот шеф она што било во теглата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А и тој не барал белешка од својот шеф.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)