бифе (имн.) - во (предл.)

Но, сѐ беше попусто. Влегов во бифето во кое чекаа на воз.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Ова е божем бифе во театар и сега треба да заврши првиот чин и сите да навалат на освежување, - продолжи Саше со театарот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Никола Талевски, каков што авторот го согледа при кафе-разговорите во театарското бифе во центарот на Битола, е не само паметен туку и мудар човек.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Пред многу години, кога стапив на просторот на бугарскиот театар, тамошните театарџии ме пречекаа во театарските бифеа во кои гласно и јасно ми ја повторуваа сентенцата „Ние сме актери, кафеаните се наши!“
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Клучот од бифето во тоа време се наоѓаше кај другарката Блажена Мирковска.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)