бифе (имн.) - или (сврз.)

Во храмот на Талија влезе преку театарското бифе или поточно, преку Арт клубот, сместен во сутеренот на театарската зграда.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
И наредната ноќ, кога доктор Миха се прибра дома уморен од претходната со провинциските актери и домашната ракија, а и нерасположен да ги поднесува божемните попатни задевања на адреса на неговиот поставен текст од познајниците на кои ќе наидеше по театарските бифиња или во Клубот на писателите и на новинарите - синот не им дојде да преноќи, ниту пак дента се јави од некаде макар по телефон.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)