бог (имн.) - даде (гл.)

- Добро утро Петар... - шепна тивко Трајанка. - Добро ти Бог дал... –одговори тој исто со шепот, зашто ако зборуваа погласно, можеа да ги пробудат другите... во соседната соба.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Од тоа повеќе не бараме, а кум Поцко? (Му намигнува на Поцко.) Ние сме ситни луѓе, па ситнеж сакаме да јадеме.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Тоа зашто никаде тука во близина, ни на местото што христијаните од Потковицата го одредија уште кога населбата нарасна, излезе од Дупка и се завкачи по падините на Станкоски Рид, и никаде на друго место во Потковицата нема подигнато црква ниту некој друг знак што да укажува дека на тие простори живеат христијани, или дека, воопшто, живеат луѓе, од бога дадени.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но, полека, во тие непрекинати разговори во вечерите, пред Змејка почна да открива еден сосема нов свет, што за сето време дотогаш му останувал скриен под самата поврвнина на сето она, што тој го знаеше како неменливо и како од бога дадено.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Погрешната идеја, со последици во остварувањето со страдање на цел еден народ во фаталните граници, зачнала во умот на диктаторот, во неговиот делириум на владеење да се сочува власта небаре од Бога дадена.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сека година кога ќе стивне туристичкиот џагор во Охрид мојот стар пријател Видое Видически ми подарува тукушто набрани јаболка - непрскани и нецрвливи, како од бога дадени.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Толку бог дал, жими вера ти велам!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)