болест (имн.) - во (предл.)

Оваа дијагноза, во јули 2007 и повторно во март 2008, му беше констатирана и со конзилијарно мислење на очни лека- ри-специјалисти од Клиниката за очни болести во Скопје (д-р С. Теодоров, д-р С. Ѓурчинова и прим. д-р Љ. Величкова) – кадешто болнички се лекуваше околу две недели, по што му беше утвр- ден статус на инвалидно лице, поточно „лице со оштетен вид“ со ограничена и битно намалена општа работна способност.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И така околу шест години, сѐ до моментот кога повеќе, поради здобиената сериозна повреда при работа, не можеше да работи. 197 Имено, при изведба на малтерисувачки работи со Пуц машина за машинско малтерисување на објект во изградба,3 поради неисправност на истата таа машина, тој целосно го изгуби видот на десното око – поради изгореница, а изгуби и 80% од видот на левото око!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кој сега ќе ме препознае Во овој кафез од зборови и метал Под кожата што е само моја? (Додека го пресликувам јазикот на ѕверот Додека тајно ја шетам болеста во ѕверот Додека си ѕидам сон крај ѕверот Додека го смислувам посланието до ѕверот Додека испраќам потера по ѕверот Додека склучувам сојуз со ѕверот Низ клучалката на книгата Ме читаат ѕверови, ѕверови, ѕверови.) Сега сум сам меѓу овие корици Во оваа архитектура од претпоставки За изворот на светлината Што ме допира откосо Во иследувањата на мостот Под кој тече Долго тече обидот Да се наслика нечија смрт. (Додека ламентирам во крвта на ѕверот Додека рикам со планината во ѕверот Додека го враќам светот крај ѕверот Додека го оставам аманетот до ѕверот Додека пекам пеколно по ѕверот Додека во крзно заспивам со ѕверот Низ клучалката на книгата Ме читаат ѕверови, ѕверови, ѕверови.) Кој ќе ме препознае во овој кафез Од зборови и метал, со реа на пресна Моч од животно што ја слави слободата?
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
На тој начин предизвикуваат само болести во себе – го даде своето мислење старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
На пример, кога кај Авдиќ се влошува здравствената состојба со појава на „Discus hernia“ (болест во долниот дел на телото, попозната како крстоболка), нему – свесно, злонамерно и 104 тенденциозно – му е доделено ново понижувачко работно место за товарење и растоварање, сè со цел врз него да се изврши психичка и физичка тортура.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По добивањето на спорот, Авдиќ продолжува со работа во АД „Киро Ќучук“ уште 4-5 години, но на пониски работни позиции и со континуирано вршење мобинг од страна на претпоставените.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)