болест (имн.) - од (предл.)

И не е ниту важно, но... да не беше таа болеста од која изумреле динусаурусите?
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Господе, си мислам, да не добив и јас оган, господе, да не ме префати болеста од Роса.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ретки се оние кои на било каков степен не ја почувствувале жедта за моќ.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Таа за човека може да биде и природна, но може да ги има и сите обележја на болест од која ние само инцидентно ќе можеме да се излекуваме, но во процес на внатрешно зреење.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ги мијам и си шепотам: излези болесиште од коските во месото, од месото во косата и во ноктите и оттаму појди во реката и оди по река, дури да те изедат рибите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)