болест (имн.) - или (сврз.)

Архивскиот број под кој е заведен предметот во Основниот суд Скопје II – Скопје е: II PO.бр. 573/10. 2.  Работникот има право на платено отсуство [„отсуство од работа со надоместок на плата“] во случаи на времена неспособност за работа поради заболување или повреда и во други случаи во согласност со прописите на здравственото осигурување (чл. 149, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Работодавачот исплаќа надоместок на платата и во случаите на неспособност на работникот за работа поради негова болест или повреди до 21 ден, а над овој период се исплаќа на товар на здрав- ственото осигурување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По изминувањето на осум работни дена од објавувањето на огласната табла се смета дека врачувањето е извршено (чл. 75, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Неосновани причини за откажување на договорот за вработување се: 1) членство на работникот во синдикат или учество во синдикални активности во согласност со закон и колективен договор; 2) поднесување тужба или учество во постапка против работодавачот заради потврдување на кршење на договорните и други обврски од работниот однос пред арбитражни, судски и управни органи; 3) одобрено отсуство заради болест или повреди, бременост, раѓање и родителство или нега на член на семејството; 4) користење одобрено отсуство од работа и годишен одмор; 5) отслужување или дослужување на воен рок или воена вежба и 6) други случаи на мирување на договорот за вработување утврдени со овој закон (чл. 77, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Работодавачот е должен да му исплати на работникот надоместок на плата за денови и часови, колку што изнесува работната обврска на работникот на денот кога заради оправдани причини не работи (чл. 112, ст. 3-7 од ЗРО). 3.  Меѓудругите, неоснована причина за отказ е и одобреното отсуство заради болест или повреди, бременост, раѓање и роди- телство и нега на член на семејството (чл. 77, ст.1, ал.3 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Доколку работникот во тој период не примал плата, му припаѓа надомест во висина на најниската плата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На изворот Свети Анастасија крај манастирот им рече дека со оваа вода свети Наум ги лечел луѓето што пателе од очни болести или биле слепи.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И сега, додека го монтираме материјалот снимен со претопи на крупен план и цветови од венците... пламенче од свеќа заматено преку солзите на образот од внукот кој се разделува со дедо му, па ќерката на покојниот свиткана од болка на две, извлечена од планот на крстот на кој со златни букви стои името на починатиот со генералиите кога е роден и кога ги напушта своите од болест или само од смрт... е, не ми влегува во глава.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Одредени подобрувања во поглед на работничките права имаше кај следниве сегменти: беше проширена забраната за работодавачот при склучување на договорот за вработување да бара податоци кои не се во непосредна врска со работниот однос; дојде до зголемување на правата на работничките по основ на бременост, раѓање и родителство; се зголеми времетраењето за кое работодавачот исплаќа надоместок на платата на работникот за работа поради негова болест или повреди од 21 на 30 дена; се воведе можноста репрезентативните синдикати да именуваат три претставника во Комисијата за утврдување на репрезентативноста, а дојде и до незначително намалување на висината на глобите за синдикатите и нивните здруженија на повисоко ниво.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
За жал, овој закон не се однесува на работодавачите кај кои повеќе од 51% од средствата се во приватна сопственост. 38 беше избришана експлицитната одредба која нормираше дека платата мора да му биде на располагање на работникот на определениот ден за исплаќање, освен ако страните поинаку не се договориле (чл. 5 од ЗИДЗРО/јан.12); ● беше продолжено времетраењето за кое работодавачот исплаќа надоместок на платата на работникот за работа поради негова болест или повреди од 21 на 30 дена.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
ПОЗИТИВНИ ПРОМЕНИ - дојде до зголемување на правата на работничките по основ на бременост, раѓање и родителство – 2010 и 2013 (Закон за работни односи) - изнајмените работници уживаат исти права како кога би биле директно вработени кај работодавачот - 2010 (Закон за агенциите за привремени вработувања) 139 140 - се делегираа дополнителни права кои претставникот на работниците ги има во однос на работодавачот (Закон за безбедноста и здравје при работа) – 2011 - се зголеми времетраењето за кое работодавачот исплаќа надоместок на платата на работникот за работа поради негова болест или повреди од 21 на 30 дена
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Што се однесува до другите промени во сферата на престанокот на работниот однос по пат на отказ, во периодот 1993-2003 беа воведени и следните три подобрувања: •  прво, давањето писмено образложение за причините за отказот стана задолжително (чл. 5, ЗИДЗРО/97); •  второ, во април 2003 е пропишано дека, во случај работникот да поднел приговор против одлуката за отказ, тој ќе има суспензивно дејство т.е. ќе го одложи извршувањето на одлуката за отказ, сѐ до донесувањето на конечната одлука по приговорот (чл. 8, ЗИДЗРО/апр.03); и •  трето, исто така во април 2003, должината на времето за задолжителното известување на работодавецот, дека работникот е отсутен од работа поради болест или оправдани причини, е продолжена од 24 на 48 часа (чл. 7, ЗИДЗРО/апр.03).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во случајот кога инвалидноста наста- нала како последица на болест или повреда надвор од работата, виси- ната на овие парични надоместоци е намалена од 70 на 50% од основата за пресметување на овие надоместоци, додека во случај инвалидноста да настанала како последица на повреда на работа или професионална болест, висината е намалена од 100 на 80% од основата за пресмету- вање (чл. 6, ЗИДЗПИО/97).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Но, предвидена е и изречна одредба кандидатот да го извести работодавачот за болестите или други околности кои можат, било како, да го оневозможат или суштествено да го ограничат при извршувањето на обврските на договорот или, пак, можат да го загрозат животот или здравјето на лицата со кои при извршувањето на своите обврски доаѓа во контакт (чл. 26, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Но не од болест или од некоја друга слична причина.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Мене ми се чини оти сѐ она што човекот го создава со своите раце и со својот ум, со време почнува да ја следи судбината на сојот создател.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Никој не знае што му е, дали е болест или некакви грижи, затоа што тој стануваше сѐ понедостапен и забораваше и се откажуваше од некои работи, што ги беше започнал и во самиот Цариград.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ѕидарите се разотидоа дома на зимување, а градителот ја минуваше зимата во својата колиба од која речиси никаде не излегуваше, а постојано беше свиткан над своите планови и пресметки.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)