болест (имн.) - ќе (чест.)

До сега сите болести ќе поминеа. Шо е многу – многу е. Не знајме шо да прајме.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Така, утре, после, мноооогу години, таа болест ќе биде позната по моето име. И така бидна.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Ѓорѓија само молчеше и јадеше, не со сласт, бидејќи му се мешаше дури и во тоа колку шеќер ставаше во чајот: - Шеќерна болест ќе добиеш!
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ѓорѓија не се двоумеше и ѝ рече да влезе, да се напијат по едно кафе.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Пак ќе јадеш сланина! Некоја болест ќе закачиш!
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сепак, си ја замазни косата, се прокашла, ги излижа предните заби и со голема насмевка ја отвори вратата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Потем го свртеа муабетот на жени Те вакви нозе имале и онакви газиња имале жените што одеа пред нив Тој што зборуваше за газењето лајна во сонот Сега рече дека жена ако ти дојди дома усмевната Болест ќе ти дојди ама светрум ќе ти помини
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
А ако набасаш на некоја намќорка допраша другиот Е ако е некоја смуртена лоша ќе ти биди болеста И уште ако не ја знаеш жената што ќе ти втрча со сонот Некоја нова и непозната болест ќе те довстасала Така велеше првиот толкувач на соновите
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Господи, јас навистина се посомневав дека си начнат веќе од страдот и дека вистинската болест ќе наиде малку подоцна, кога ќе заборавиме на неа; кога ќе ни се измолкне од вниманието.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)