болка (имн.) - ѝ (зам.)

Доста се поуспокои. Кое болките ѝ поминаа.. кое го виде оти е живо, разбра што е. И сега треба да се мисли за понатаму.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Денес таа е среќна. Сретна барем едно од нив и макар што е ранета, срцето и се исполни со радост и среќа, ама и болката ѝ се зголеми.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Секогаш кога болката ѝ ги зграпчуваше слабините со својата почетна болка, и потоа, кога преминуваше во постојано пулсирачко тиштење, таа ја туркаше загриженоста за Даниел во понепристапните катчиња на нејзиното битие.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Едно утро Рози се разбуди многу рано и старата болка ѝ се врати. Всушност, таа ја ослабе неа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Неочекуваната и брза болка ѝ го зграпчи здивот во грлото и таа подзина.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Силната болка ѝ обезбедува силна возбуда и убав глас.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Силна болка ѝ ги притискаше градите...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Можам да замислам каква болка ѝ нанесов (оти сега знам што значи да бидеш мајка, кога и јас станав мајка).
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Кога пак Јаков ќе заминеше, таа не можеше да заспие и ги впиваше во ноздрите, исцрпена од дивата љубов, мошусните мириси што во нејзината постела ги оставаше неговото жилаво темнокожо тело и кои одново ја преплавуваа и до болка ѝ го јакнеа копнежот по него.  Утрото го обои прозорецот во румено.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Кога дојде време да се породи Кала, почнаа истите маки какви што ги имаше порано: ја тресеа трески и од силни болки ѝ идеше да ја искубе косата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)