болка (имн.) - не (чест.)

Ама, кога не му се спие нему и болките не тивнуваат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
За својата татковска болка не признаваше никаков специјалист и никого не викаше ни за консултант ни напомош; оти, кој ќе му кажеше дека и во современиот свет е редно синот да умре пред таткото?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кога уште еднаш се исправи, канџестата шепа почна полека да се повлекува, оставајќи ја зад себе распространета и долготрајна болка, предизвикана од почетната претрпена повреда. Но болката не исчезна целосно.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Мислиш мојата болка не беше толку голема колку и оние што ги растргнуваа вашите гради?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
„Сама по себе“, рече тој, „болката не е секогаш доволна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И пет илјади дни ќе минат таа болка не минува, пет илјади оки, е мала тежина.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Болката не е само твоја сироткиња таа стана болка на сонот од мојата фантазија, сонот што го заборавив...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Тагата и болката не можеме да ги премостиме тие си најдоа вечност во нашите души.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)