борба (имн.) - води (гл.)

Долга и широка беше таа историја со Лисиче, што ја кажуваа старците на своите внуци и правнуци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Полчивци и Дунчани се караа за синорот Раково и Рамништето и сто години цели борби водеа чија стока да ја пасе тревата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Борците наши долу слагаа, долу в полето - рамна рамнина, и за слобода борба водеа, славна Дебарца, Славеј Планина...
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
„Стојно - Стојанке, моме убаво, сношти го ние брат ти видовме, во Прилеп града борба водеше, борба водеше сос фашистите, сос фашистите, сос Германците.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
- А и леб немале... - А и ги гонеле... - И борби воделе... - И ранети носеле...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Јас со него борба водев - Ете, тука беше, пред мојот нос, но одеднаш го снема, како в земја да пропадна, како да се претвори во невидлив дух!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Се качувам во автобусот, а на предно седиште борба водат со една баба од сто кила и две патерици, целата во гипс.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)