борец (имн.) - во (предл.)

Меѓу другото во него ќе истакне дека „никогаш во животот не сум видел толку висок морал како кај вашите борци во нашиот заеднички поход“ како резултат на „вербата во победа“ и „вербата во своите раководители“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Мене и на другите шпански борци во Шпанија ни беа широко отворени вратите на сите училишта, универзитети и институции да го довршиме нашето образование.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски по одбраната на докторската дисертација во 1936 година на Сорбона, во зенитот на својата револуционерна младост, ќе замине како доброволен борец во шпанските боишта на страната на Ла Пасионарија, горд што на истите боишта ќе бидат и Андре Малро, Орвел, Хемингвеј и многу други славни личности на времето...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Со менување на кодот на верата и јазикот, односно со промената на душата, а идните борци во служба на Империјата, јаничаризмот ќе одигра посебна улога во балканското проклетство.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кутриот Камилски, некогашен јуришник од шпанските барикади, аулите на париската Сорбона, прекален борец во борбата против фашизмот во Македонија, еден од основачите на Универзитетот во Скопје, на крајот заробеник во проклетата тврдина островот Голи Оток, како да одеше на последната битка во својот живот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Едно одделение од оние борци во англиска, или германска, или италијанска, или измешана од сите униформа, со шмајзери на градите, одело секогаш околу него, едно одделение партизани, штотуку слезени од шумата, по пустите голомразни улици на таа есен, кои во вечерите се исполнуваа со митинзите, баклјадите и демонстрациите, а во другото време оној се шетал низ тие улици и ретко кога излегувал без својата охрана, без тие добри, наивни борци, ослободители, со долги коси одзади, со реденици, оние што се фотографираа сосе шмајзери по црвоточните фотографски работилници, а нивните фотографии мрзнеа по излозите, избоени со мастилави бои, вплетени во некакви срца, или излепени на џепните огледалца, оние сѐ уште со крпени петокраки на капите, што имаа најразлични и најнеобични форми, оние со изрезбарените петокраки на кундаците и со толку решки во дрвото, колку непријатели секој од нив убил, едно одделение такви борци, поредени од сите негови страни, а тој во средината, натегнат и голем, плештест и црвен во вратот, широк и мирен во чекорот, со неколку пиштоли и слични тракатанци, додека луѓето наизлегувале на прозорците и тоа да го видат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Добија двособен стан од Сојузот на борците во Топанско поле и бедни пензии.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Има право Кожинката кога тврди дека сите околности укажуваат оти момчето може да го бара татка си токму помеѓу поединци од мојата единица.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Значи, врз основа на пресметката според датумот на раѓањето на спомнатиот Иван, средбата на Таша со идниот татко на копилето можела да се случи при крајот на ноември или почетокот на декември 43та година, а овој период се совпаѓа и со престојот на нашите борци во куќата под Сина Скала.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мислам дека се трудев да бидам правичен во моите разговори со иследникот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Рече дека мајка ми била интересна девојка со долга црна коса и со зелени очи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А потоа додаде: „Поправи ме случајно ако грешам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Речиси сум сигурен дека имаше зелени очи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но тој не пропушти да забележи дека убаво го памети престојот на неговите борци во куќата под Сина Скала.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Та така и дошло до тоа сите наши борци во време на војната да се викаат - другари.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Тогаш, Трим Тоска, со возвишен глас, рече: - А сега, почитувани другари, посебно ви го претставувам и Јагулчета Дримски, човекот од збор и доверба, прекален борец во битките со окупаторот, но и во битките за изградбата, со големи заслуги во ликвидирањето на класниот непријател.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)