боја (имн.) - со (предл.)

Кожите ни дишеа секогаш различно, окото ни клептеше секогаш различно и различно броевме чекори детски и камчиња во чевлиња, различно ни гореа гласните огнови и писмата ги виткавме различно во различни бои со различни поштенски марки, цветни усни јазици зборувавме, децата нѐ гледаа, броевме, реката знаеше, броевме спомени и слики. Колку ли слики и спомени?
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Таа беше решение на проблемот на наоѓање боја со минимум претходни естетски конотации, било да е нанесена во широки монохроматски потези, или користена како локален акцент во покомплексни дела, стана така типична за Бојс, како и Ив Клајновата интернационална сина.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Дојде од купатилото гола. Од задниот дел на косата и плешките, кои не успеала да ги забрише со крпата, ѝ се тркалаа капки вода кои продолжуваа надолу по телото во кривулести поточиња сѐ до задникот и бутовите каде се распрснуваа и, така разлеани, целосно ја препокриваа кожата која со влажниот слој добиваше проѕирна жолто-руменеста боја со необичен сјај.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
За меланхоличниот и осамен Ерген свадбената ложница веќе не е гадна просторија.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Она што ја прави исполнета со радост е присуството на Невестата, потоците светлина што течат низ отворените завеси и живите бои со кои девојчето (Невестата) го бои креветот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тамам минуваше крај една висока авлија преку која се надаваа бујни јорговани и над којашто се извишуваше трикатна куќа со фасада на којашто преовладуваше избледена сина боја со два балкона искомбинирани од мермер и ковано железо, чу како крцна дрвената порта на горниот крај на авлијата, украсена со ковано железо.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Местото каде што застанал да го слика селово морало да биде од чун оттурнат во езерото, токму на она место од каде што очите можат да го заграбат сето село, но не и премногу далеку за да се изгубат посебните карактеристики на куќите, посебните белези и бои со различни тонови и нијанси: жолта, сина, зелена, кафеава, црвена, лилава, розова, чивитлија, сива, црна, алова, портокалова.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Предметите личат на луѓето, луѓето на предметите, звукот е со материјален облик и конкретна боја, бојата со внатрешна смисла и специфична тенденција.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сѐ на сѐ четири остро потенцирани бои: црвена, модра, зелена и бела, задушено стиснати во дрвена рамка под златна боја со која се бојадисуваат мртовечки сандаци.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)