боја (имн.) - или (сврз.)

Општ впечаток од целокупниот циклус е дека Џарман создава Икони на апокалипсата, ги осликува содржините на Седмиот печат.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тие се со мал формат (просечно 30x40 цм.), работени на платно, основата секогаш е слој од црна боја или слој од црна преку златна основа, со различни густини и текстури.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Врз таквата основа Џарман аплицира разни предмети: пронајдени предмети, предмети од неговите претходни филмови, предмети од неговата околина и секојдневие, цели или скршени парчиња стакло, насликано стакло...
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сега останува да се реши дали тоа неутрално колце стои осамотено со одделна боја од другите колца или има и други колца со истата боја или со поблиска до неа отколку од една страна со централното македонско наречје, од друга со источнобугарското наречје или со српскиот јазик кај Вук Караџиќ, ќе видиме оти сите македонски наречја се поблиски до централното македонско, а не до централните наречја на другите јужни Словени.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Вујко, - се сврте Србин кон Котета, - да не имате некое кутивче тенекено, од боја или така нешто. Празно.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Од што тоа, точно, ми се гади во извесен стил на внатрешно украсување, во извесен модел на автомобил, во некоја боја или шара на некоја вратоврска?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зошто ли ме лазат трпки и при самата помисла да си земам златно тацниче со шарени сапунчиња или некое гномче за во дворот?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А дури и во тие очигледни или одбивни случаи, може да излезе потешко да се објасни логиката што ни е во основата на вкусовите одошто ние сме си мислеле.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Реагираме толку силно на овие кодирани значења што не може да има многу сомнеж дека навистина ги има таму или дека знаеме дека ги има, но – освен во неколку случаи, кои не се ниту очигледни ниту претерано одбивни – би биле на големи маки да ги кажеме какви се, да ги именуваме, точно да наведеме од што се состојат тие значења, што точно значат тие конкретни значења.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)