бразда (имн.) - во (предл.)

„За разлика од кај нас во градот, овде вистински владее, оној, како што го викаат, Снежник“, му дојде наеднаш, или успеа да го откорне од некоја далечна бразда во главата името на месецот што неговата тетка Боса посебно го почитуваше.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
На Роса ѝ е незгодно од зборовите на Пелагија, та таа само ѝ се најде после настаните во пресноизораните бразди во нивите на кои не им се гледа крајот ако си на почетокот или не им се гледа почетокот ако си на крајот!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Танаско нејзин ја сврте водата во онаа бразда во која што не требаше.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Солза да му капнела врз камен, се велело, дупела бразда во него.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Изминатите денови беа заорале длабоки бразди во неговото чувствително срце.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)