брак (имн.) - со (предл.)

Многубројни изложби во земјата и надвор од неа. 1916 излегува неговата книга Писма од војната. 1925 се разведува од првата жена и стапува во брак со Mathilde von Kaullbach (Quappi).
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
- Да. Мажена сум. Живеам во прекрасен брак со љубовта од мојата младост.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кога авторот допатува во Торонто, Едо веќе беше во брак со Су која, подоцна, му роди две деца – едно машко, Дракче, на името на татко му, жртвуваниот туберкулозен партизан и едно женско – Енџи, име по желба на Су, но под услов Едо да ја вика Ангелина, Геља.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Другарчињата се подбиваа со Горан и Бобан додека беа мали, а подоцна им завидуваа, кога Роска за полнолетство ги „бркаше“ со клучеви од кола, а за среќен брак со коверта во која стоеше адресата на подарениот стан.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Јас не можам да замислам да стапам во брак со некого кого не го познавам. Или кого не го сакам.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
— Но тој повторно го истакна предлогот за брак со тебе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Па и со влегувањето во брак со Марша. Да има повеќе време да ја запознае.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Се оддалечи и од својот единствен син Бургиба Јуниор, од бракот со Французинката Матилда Лорен.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И така тие си ошле сами на брак, а Мара си останала дома.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Еднош м'ж и жена, татко је и машчаа је, ќе оделе на брак и ја викале со себе и Мара да ходит на брак со ними.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Мама можеби и не можеше да не ја засече таа рана во мене – јас бев точката во која се среќаваа и се разделуваа сите нејзини болки: предвреме завршените мечтаења и бракот со човекот кој тукушто станал дедо, смртта на вториот син и одгледувањето на своите деца во беда, постојаните преселувања во сѐ помали станови, рибањето на подовите во домовите на богатите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сите тие нешта се среќаваа во мене, во моите болувања, во нејзиниот страв за мојот живот, затоа и ме мразеше толку, говорејќи со глас со каков се изрекува смртна пресуда, “Ќе беше подобро да не те родев,” затоа и ме сакаше толку, ме сакаше до заборав на сопствената несреќност.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Татко беше свесен дека Мајка, на некој начин, се жртвуваше, во бракот со него, кога влегуваше во патријархалниот лавиринт, имајќи си ја како утеха љубовта кон Татко, кон своето семејство, кон своите чеда.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)