бран (имн.) - или (сврз.)

XXVIII На положаите над селото и манастирот започна силно пукање; луѓето исплашени истрчуваа надвор и гледаа накај положаите да видат што се случува; најпосле дознаа дека војниците се веселат што ќе си заминат дома, што не дојде до војна; пиеја од чутурките ракија купена од селото и пукаа; се пукаше и од албанската страна, се веселеа и албанските војници што ќе си одат дома; изгледаше дека се натпреваруваа кој повеќе ќе пука или можеби така, со пукање се поздравуваа едни со други; излегуваа и едните и другите од рововите и земјаниците да се видат подобро, да си ги видат униформите, оружјето, да си ја видат радоста што куршумите не си ги вперуваат еден во друг, туку во воздух; се пукаше во бранови или зачестено.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Од хотелската тераса во Охрид сега го пулат езерото неоти во неговите бранови или можеби во ближните егејски бури ќе најдат некоја капка од тајната за смртта на Моцарт, а можеби би одиграле и една партија билијар со пластичните бови во сите бои наредени на езерската плажа.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)