брег (имн.) - од (предл.)

Како лилјак се удира звукот во едниот па во другиот брег од клисурата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Но, тоа не е Амстердам. Тој е град на море, на бреговите од морето иако од него морската шир не се гледа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Татко излегувајќи од надворешната капија од куќата, како и секогаш го упати погледот кон тврдината Кале, извишена на ридот на другиот брег од реката.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во новата земја, на другиот брег од Езерото, Југославија односно Македонија, Татко нѐ спаси од фашизмот и подоцна од сталинистичкиот комунизам.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Откако успеа да се истопори на брегот од барата наречена „Езерце“, една од подебелите гуски си ги истресе перјата и сериозно се загледа во нас.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Му се случи еден ден и ова: наеднаш, во мислите здогледа изграден еден голем сарај, токму на грлото од езерото, а распнат беше сарајот врз еден дрвен мост кој спојуваше брег со брег од реката што истечуваше од езерото.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Реферира везирот уште за сума писма од полководците на исток и на запад по средоземноморските брегови од каде што идеа само поволни извештаи – од победи кон победи и најпосле, со извесно потценување, правејќи гримаси како за нешто безначајно, изусти: – Еве, милостиви господару, и една ситна работа, ако ми дозволиш да ти доложам.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Во гратчето го нарекоа Луда Мара, зашто знаеше и да им ги поплави дуќаните на занаетчиите и магазините на трговците, во чаршијата на двата брега од реката.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Меѓувремено, и покрај разораната збрканост, куклата се присети на гласот што и се одзва кога смрзнуваа во соспите на брегот од Леденото Езеро.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Се вративме назад, со мисли скромни и убави слики на прекрасно Мавровско Езеро зеленосино, портокалови брегови од камења среберни со златни нишки, од тишина врева и ретки лица, вртипоп на брегот под камења тешки, и мирис на селски живот и смеа, недрата на Галичник, спокојно изведени.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
И еве во конфликтот со историјата, животот го исфрли на брегот од оваа река, за да живее со луѓе кои ќе бидат жртви на новата „јаничарска идеја“ – идејата на комунизмот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Го проголтав последниот залак ќе ги откорнам оградите, на дијалектичко кодирање светот меѓу постоечкото и подвижното Во рушевините на новоградбата, чекорот остана зад мене Лутам по брегот од поларна капа Сахара со синџир песочен оков закотви околу мене Судниот ден небото ми го испрати, Се засолнав под стреите на реторички фигури
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
На брегот од тихата река врбите таговно се капат... песната се губи во зајдисонцето, јазикот се вовлекол во мене и немо стои пред збогување.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Тоа можеби најмногу ѝ успеваше и кога ја минавме границата и се најдовме на другиот брег од Езерото.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Оди сине, оди. Ме оставија моите, чиниш сираче, ме оставија, како птица откината од јато, кога одлетаа кон Цариград, ме оставија на брегов од Езерово, без нив да самувам, копнежот да ме срони.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Насекаде царувала сината тишина. Манастирот бил вгнезден на самиот брег од морето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Првин, таа се откорнуваше од своето семејство, од родното гратче Лесковик, на самата грчко-албанска граница, востановена по падот на Отоманската Империја, за да си го продолжи животот во Татковото патријархално семејство во Поградец, во периодот на монархиска Албанија, на брегот од Охридското Езеро, за потоа да ја следи егзилската судбина на Татко напуштајќи го засекогаш родното огниште и завршувајќи го животот, првин, во сталинистичка, па во Титова Југославија, во Скопје, главниот град на Народна Република Македонија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но и јас сум гранка на брегот од животот што расте па колку да ми се смрзнати и румени и нејаки прстите ја сечам таа одвратна лизгава маска од мов црпејќи сили во споменот на нешто зелено зелено (ДОЖДОВИ)
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Јас бев зелен вир на многу дни од штедрост сега молчам сосем жолто За старецот во мене не плачат и грубо ќе ме натрупаат в кола Но сепак едно сеќавање имам: корењето ми остана на брегот Брег од риби и од камење каде растат многу млади дни Трева бев ќе бидам трева пак затоа така чудно мирисам
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)