букет (имн.) - цвеќе (имн.)

„Со оваа глупост - букети цвеќиња за полицијата, нема ништо да се постигне“, има изјавено во едно интервју.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Клекна и почна да ги бере делумно за да му мине времето, но и поради една нејасна желба да има букет цвеќе да ѝ го понуди на девојката кога ќе се сретнат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Винстон ја следеше, стискајќи го и понатаму својот букет цвеќе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Забележа една девојка со букет цвеќе и еден постар човек крај неа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој, како по обичај, на помалите деца им донесе чоколада, а на Мајка букет цвеќе.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Пред вратата од катедралата стојат Богдан и Марија фатени под рак; Марија во едната рака држи букет цвеќе; облечена е во невестински фустан со широки набори и тантели, стегната во половината како балерина, а на главата бел превез и венче; Богдан е во црни алишта и со бело шамиче во малото џепче; насмевнати се, весели се; крај нив се неколку машки и женски прилики и неколку дечиња раштркани и неподготвени за сликање.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Учителката Вера со огромен букет цвеќиња во рацете доаѓаше.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Собата беше преполна со букети цвеќе.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
На конзуло му јавивме дека е болна, и оттогаш само букети цвеќе пристигаат дома.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Сепак, брзав да пораснам, а сега толку многу ми недостасуваат безгрижните детски денови, бастунот на дедо ми, приказните на баба ми, спортските автомобили на помалиот брат на татко ми, семејните средби секој 29 Ноември, без изостанок.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Велат дека сум била многу мала, па не можам да се сеќавам на моментот кога тој во војничка униформа се појавил на влезната врата со најголемиот букет цвеќиња за мајка ми.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
НОЌ Тики и Краста се во неговата семејна гробница.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Стојат пред еден црн мртовечки сандак на кој лежи букет цвеќе.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Застануваат крај масичката која е покриена со прекривка и врз прекривката голем буќет цвеќиња во убава порцеланска вазна. И вазната нашарана со цвеќиња.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Патем, сите си ги земаат букетите цвеќиња од публиката (или од дирекцијата на театарот?), аплаузите очигледно не можат да ги понесат - тие се тешки како венци на мртовец.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Врз едни мермерна плоча од бела побела, од црна поцрна, од дебела подебела, од светлива посветлива и венци од големи поголеми и букети цвеќе од убави поубави, врз други обична бетонска плоча, а земјата иста и црвецот ист...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Неколку дебели жени со заруменети образи влетаа во салата за породување, носејќи букети цвеќе и бонбониери.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Во тие години на немир, кој да помисли да ѝ донесе букет цвеќе на Сигнора, размислуваше Мајка.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Букетот разбуди рој спомени од детството во Солун, кога рано како сираче, вујко ѝ хирург во една солунска клиника, женет со Италијанка, вистинска Signora, често ѝ носеше букети цвеќе на жена си, по разни поводи.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
На Мајка, Игор Лозински ѝ донесе убав букет цвеќе.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)