бунар (имн.) - во (предл.)

Оние излезените во полето по работа, се сретнуваа на кладенците, на поилата за добитокот, каде што намерно одеа да киснат `рженица за јажици, на бунарите во бавчите, во колибите по бостаните и итро избегнувајќи да се определат за едната или за другата страна си докажуваа едни на други дека кога-тогаш меѓу скараните ќе дојде до отворено крвопролевање, а оние, што беа останати во селото, редовниците, старите и болните, за неа дознаа од децата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
2. Точка збор, вулкан, булка - Во сонот и сонувањето, Во радоста и тагувањето, Јатка во матката, лулка Од небесно ветре лулеана, Песна уште незапеана, Дом и пристан, монистра Од ѓерданот, бемка на вратот, Светулка на челото, црнка Во белото, игра на зборовите Бунар во дворовите. Точка?
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Игуменот им го покажа бунарот во дворот од црквата прокопан до самата вода на езерото, од кој, во денови на зулуми и опсади, црпеле вода за пиење.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Направи пауза отец Иларион и продолжи: - Душата е корен во човекот; како што од коренот на дрвото се храни стеблото, гранките, лисјата, плодовите - така од неа се храни телото, видот, слухот, говорот, волјата, свеста и сè што човекот има; таа е извор од каде сѐ почнува и сѐ враќа; огледало севидливо; владател и роб; таа е целина како сонцето; сеопшта суштина; сила што обновува како соковите што го обновуваат сувото стебло давајќи му нови израстоци; таа е бунар во кој водата е матна или бистра, мирна или замрешкана; светлост затворена во пештера од крв и месо; зрачи, или потемнува; пламен и пепел; камен гранитен или прашинка; оган кој дур е под контрола е благодет, а потоа пустошник; какво тело носи, таков лик има; со менување на телото, и ликот си го менува; по неа се чита и открива човекот; често е читлива, а често загадочна; некогаш ти допушта да ѝ се вдлабиш и да ја видиш, а некогаш за миг ќе те заслепи како поглед во сонце; некогаш е живо железо што тече, поток без форма; кораб на отворено море; пространство огромно, но и теснец затворен во тајните свои; нѐ држи цврсто како градба, верно нѐ придружува, но не знаеш во кој миг ќе нѐ изневери...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Сега, со празен бунар во мислите, нема каде да одам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сега работите ми станаа појасни. Мојот предок оставил траги што не се завеваат (еве добив и потврда за бунарот во кој лежело она парче железо со написот „Поцо“) а и физички е опишан: строен маж, секогаш убаво облечен.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Чардакот од нивната богата куќа беше тесен за неа; бунарот во авлијата плиток за кофата што ’рѓосуваше во која таа влегуваше сосе калци; маштеницата не се пиеше инаку освен направо од ѓум, а бакарданот се шмукаше како да е сок од дренки.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ако немаат извор или бунар во тврдината, сигурни ми се како лисица во стапица – и почна да ја распрашува бабата, небаре загрижен дека може да ги стигне зло нејзините бунтовници. – Ами од каде чешмата што шупори во тврдината?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Луѓето се стаписани. Стојат над двајцата мртви луѓе и ги обрнуваат главите и го гледаат песокот на Марс и далечниот бунар во кој Регент флотира во длабоката вода.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)