бунт (имн.) - во (предл.)

Морав да зборувам гласно и да раскажувам приказни од конференцијата за екологисти за да го придушам бунтот во мојот стомак.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Можеби ги менувам насоките, се мачам текот на мислата да го сосредоточам врз она што е бунт во мене, но, како и секогаш, мислата е многу потромава, побавна од зборовите.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Оди со здравје и носи многу поздрави на вашиот Истанбул – го испрати прилепскиот кадија првиот гласник лично до силниот султан Сулејмана со тешко обвинување против мариовските бунтовници што подигаат бунт во срцето на големата турска империја, кога таа беше на највисоката точка од својата сила, од која се тресеше цел свет.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Го виде ли подот? Виде ли колку трошки имаше насекаде? Срамота за една жена.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Дури и жртвата на руските чистки можела да носи бунт во главата додека одела низ коридорот, очекувајќи го куршумот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Едно време се пренесе дека, имено тој, другарот Анески, бил организатор на некаков бунт во болницата и така нешто слично, што не беше за потценување.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во минатото, барем, отсекогаш сум инсистирал дека да се биде геј апсолутно нема никаква нужна врска со ништо друго освен со геј- сексот. ‌По тоа, мислам, дека бев типичен за својата генерација – односно, типичен за геј- мажите што излегоа од плакар на средината од 1970-тите, шест години по Стоунволскиот бунт во 1969 година, во времето на геј- ослободувањето што тие безредија го воведоа и кога во најголемите градови се појавија нови општествени геј- светови.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)