век (имн.) - го (зам.)

Работничката Б. А. (сега 52-годишна) од Велес, која денес е невработена, целиот свој работен век го помина работејќи во АД „Порцеланка“ – Велес, како уметнички декоратер, најпрво во декорното, а подоцна и во украсното одделение.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Таа, во новата т.е. пререгистрираната фирма, беше вработена со договор за вработување на неопределено време бр. 03-3/22, од август 2005-та2 – три години пред да настане конкретниот работен спор со нејзиниот нов „газда“, иако претходно, во истата аптека, имаше остварен работен стаж од над 25 години, односно таа сиот свој работен век го имаше поминато во истото претпријатие.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Погрешна примена на материјалното право постои кога судот не ја применил одредбата на материјалното право што требало да ја примени или кога таквата одредба не ја применил правилно (чл. 345, ЗПП). 217 Папазова против Градска аптека Спор за неисплатени надоместоци1 Nemo in persequendo vel agendo deteriorem causam, sed meliorem facit (Paul. – D. 50,17,87) Со покренувањето судска постапка никој не [треба да] се доведува себеси во полоша, туку само во подобра позиција Работничката Јелена Папазова од Велес (сега 51-годишна) беше вработена во поранешната јавна Градска аптека „9ти Ноември“ во нејзиниот град – којашто, по приватизацијата, го носеше целосниот назив Приватна здравствена установа „Градска Аптека“ – Струмица, бидејќи сега седиштето на фирмата сега беше заведено во оваа општина.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Донесувањето на ваква пресуда ќе се одложи доколку е потребно, претходно, да се прибават известувања за наведените околности. Признанието на тужбеното барање, на рочиштето или во писмен поднесок, тужениот може – и без согласност на тужителот – да го отповика сѐ до донесувањето на пресудата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
4.  Инаку, нашето позитивно право остава простор, во случај на индивидуален или колективен работен спор, работодавачот и работникот да се договорат решавањето на спорот да го доверат на посебен орган утврден со закон (чл. 182, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, што станува со науките чиј главен предмет се фактите - природните науки!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Зарем тие не би можеле да го понудат, на свој начин, решението што со векови го бара филозофот?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
На почетокот на векот го доживеа падот на Отоманското царство, па се провлече низ Балканските војни, па првата, Втората светска војна, но дотогаш никој не ги гибаше козите. Си врвеше векот со нив.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Корец седи скршен во нивниот нов квартир, додуша во најголемото еврејското гето именувано според баронот де Хирш, јудејскиот добротвор кој пред половина век го намени за засолниште на Евреи избегани од погромите во Кишинев и Мохилев.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Како што можете да претпоставите, со семејството припаѓаше, фала му на Севишниот, на старата, сефардска, не на новава синагога на „Космајска” улица во која одат мондените и доселените Ашкенази.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Мириса на пролетни цутови.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Палтото му е ветво, а цел век го помина како шивач во дуќанот што, заедно со ибришимот, метрото и ножиците ги наследи од татко му.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ернст Роберт Курциус историски го прошири поимот маниризам со кој Вазари во 16-иот век го означи уметничкото изразување на доцниот Микеланџело (maniera) поради отстапувањата од класичните сфаќања за хармонија.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Не дека не чуле за разочарувањата на трагачите по белосветски тајни ама сакаа лично од Моцарт да чујат како сиве овие векови го поднесува она што му се случува, а пред тоа, како што е редот да не се заборават кредитните картички со кои некако најлесно се купуваат тајните спакувани во црвени шестоаголна кутии на чијшто капак е сликата на Моцарт и со кои најубаво се облажува душата додека се труцкаат на задното седиште на автобусот забревтан кон скривалиштето на новите тајни.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Книжевноста на деветнаесеттиот век настојува местото на настаните да го именува и да го постави пред раскажувачот како зададен простор, услов за карактеризацијата и индивидуализацијата на ликовите, додека книжевноста на дваесеттиот век го изразува присуството на градот низ раскажувањето, низ сомнежот и колебањето на перцепцијата, иронијата и лажливата самосвест.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Француското образование со векови го насочуваа езуитите.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Албанците уште во првиот век го прифатија христијанството.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
18. Вечерта не можев да заспијам, оти чув, разбрав дека Филозофот му порачал на логотетот: да слезат утре заедно во источната одаја, и овој да му го открие конечното и точното значење на записот, и да му каже уште во што се состои проклетството што со векови го опседнува царството.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Невена е, исто така, на сите нас познат лик на „стара мома“ која цел век го чека саканиот без да го дочека.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Од тоа време, што и во втората деценија на веков го паметел тогаш живиот и жилав даб со брада, стогодишниот Лозан Перуника, лежат на рекичката Давидица четириесет и три малечки воденици, накривени и безживотни судбини во кругот на заборавот; самоучките врати им се испукани и потемнети, суровото минато ги заѕидало прозорците со бигорен камен. Но си има свое минато.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во таа илјада осумстотини триесет и петта година продолжува во Африка и Азија движењето на европските колонизатори и се грчи на крвав камен Македонија. ***
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ние умиравме за една друга љубов, за еден друг збор, толку денови, ноќи, векови го баравме тој извор, а ваму со брливи работи ни ги полнеа главите.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Кога умре, лицето ѝ стана безизразно, како раката на смртта да ѝ го избришала ликот, изгледаше слично на некој кип кого дождот и сонцето низ вековите го обезличиле.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Маргина 36 159 Eda Čufer & Irwin THE EAR BEHIND THE PAINTING Приближувањето на 21-от век го поставува прашањето дали периодот во којшто ќе навлеземе ќе биде ист за сите нас.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Велш за новите принципи на (пост)модерниот дизајн. 164 okno.mk Волфганг Велш ПОСТМОДЕРНИСТИЧКИ ПЕРСПЕКТИВИ ЗА ДИЗАЈНОТ ВО ИДНИНАТА Адолф Лос клучниот придонес на 18-иот век го виде во ослободувањето на науката од уметноста, а придонесот на 19-иот век во прецизното раздвојување на уметноста од занаетчиството.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тоа е извонредно: во петнаесеттиот век го конструиравме првиот часовник, а сега го пронаоѓаме GPS за да знаеме каде сме.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Прогонет сум во себе Од себе Од пепелта на огништето Што цел век го носам во грст Надежи, о, надежи Во самица Додека сум сам Во зора заѕидан од четири страни.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Ти, парче издупчен камен што со векови го мамеше човештвото!
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Прв пат по половина век го гледав нејзиниот лик.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тој во шеесеттите години на минатиот век го напуштил родниот си козјачки крај и се е досетил во Куманово каде создал меана и трговија со жито.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)