век (имн.) - со (предл.)

XVII Татко уште кога студираше во Цариград во 20 години на XX век со посебно внимание ја следеше лингвистичката револуција на Мустафа Кемал Ататурк.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На почетокот на векот го доживеа падот на Отоманското царство, па се провлече низ Балканските војни, па првата, Втората светска војна, но дотогаш никој не ги гибаше козите. Си врвеше векот со нив.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татко ја насетуваше нервозата на Камилски, поради видливото оддалечување од првобитно замислениот проект, сакајќи да ја појасни појавата на Васо-паша во нивниот план и затоа заклучи: Европските идеи во реформирањето на Отоманската Османската Империја од крајот на XIX век за кои се залагаше и Васа-паша Шкодрани, продолжија и во почетокот на XX век со Младотурската револуција во 1908 година која започна да се шири во Империјата од Македонија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
За тебе е, не е за мајка тм. Ти ќе живееш век со него!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Авторот „Долу по полено, по врабацине, до срцево Сѐ е така и ноќ и нож в плеќи забиен Не ме уплашија векови со нож од туѓа рака Ме плаши час од рака своја в плеќи“.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Но кој може да помине по патот на водата и светлината што те оплодува од века со недосегливоста своја.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)