велосипед (имн.) - или (сврз.)

Честопати мислев на светот и времето кога бевме девојки, мислев кога веќе одамна не бевме девојки; мислев на девојките на нашето време, за кои Клара велеше дека конечно треба да се ослободат, девојките за кои мојата мајка велеше дека местото им е во кујната.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
За нивниот однос дознавме подоцна, од брат ѝ Густав, а Клара тоа го премолчуваше, Клара низ смеа раскажуваше како луѓето фрлаат по неа со камења кога ќе ја виделе како вози велосипед или кога е облечена во пантолони, затоа што во тоа време беше срамно жена да носи пантолони или да вози велосипед, Клара со мачнина раскажуваше за децата кои останале на улица по смртта на родителите и кои умираат премрзнати и гладни, Клара со гнев раскажуваше за неправдите кои ги трпат жените во браковите, и повторуваше: „Ние девојките самите треба да го земеме она што светот и ова време не сакаат да ни го дадат.“ …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога дојдоа до улицата, застанаа, погледнаа налево и надесно и бидејќи не се гледаше ниту еден автомобил, велосипед или некоја кола, се стрчаа на другата страна.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Постарите, од десет па натаму, ги оставаа со презир, одеа да се возат со велосипеди или играа криенка.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)