весник (имн.) - за (предл.)

Пред некој ден прочитав во весник за едно научно истражување.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Секој ден кога ќе се пушташе од школо Бошко поминуваше откај весникарот на ќошето и го земаше весникот за татка си.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Раницата ја истресе од наталожената прав и по некоја брбушка од глушец, а цокулите ги премачка со чисто крпче на кое капна троа масолца од кандилцето на мајка му и ги исполни однатре со навлажнет стуткан весник за малку од малку да омекнат.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Не треба да се заборава и тоа како се изразуваа во европските весници за битките на четите со Турците: четите се викаа банди и тоа бугарски, а не македонски.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)