ветар (имн.) - да (сврз.)

Но ова - како ветар да дува во вашите глави, братчиња.“ Кога ја запали светилката, браќата му се сторија ситни и жални.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Не им дозволуваш на твоите благонамерни ветрови да дуваат.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ќе дојде потоа од својата седалка ветар да си поигра.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И никој не ќе го забележи новиот живот на едно умирање.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дури и оние неколку тажачки, жени стари како желки и до нос во црно, секогаш готови над туѓ мртовец да ги споменат своите покојници, без допир една со друга и секоја со свои претчувства, стоела во јато, птици што чекаат ветар да ги однесе некаде во топли и богати краишта.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во просторот помеѓу куќите и рекичката што брзала ослободена од мраз и со поинаква боја заради надојдената снеговица, гласот како да не значел ништо зашто сѐ што ќе се кажело тоа истото веќе некој го мислел, не еден туку повеќето, ако не и сите околу запрегите. Во такви часови и тагата онемувала.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)