ветер (имн.) - или (сврз.)

Се чини дека би било исправно да се заклучи дека Дишановата игра со зборови не алудира, што би било бесмислено, на “анемичниот”, бескрвен филм, туку со многу префинето значење, се однесува на кружното движење на дисковите, кои ги анимира таинствениот ветер или “здив”, на ист начин како што на Кирхеровата илустрација ротирачкото тело на “Machine anemic” се okno.mk | Margina #8-9 [1994] 199 придвижува со помош на здивот на ветрот, прикажувајќи ја небеската глава.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Секогаш има хектари сонце и нивно бледеење.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Криејќи го со капата не ја вадел ни кога спиел, а кога минувал по патот ја држел со раката за да не му ја дувне ветер или некој да не му ја тргне намерно.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Кој може да објасни како или зошто тој снежен леопард дошол од Азија да престојува во таа неупотреблива пештера во едно маргинално земјоделско градче меѓу полиња на јачмен и компир во јужен Ајдахо. што го оформило таквото патување, какви лоши проценки, кои промени на ветер или струи, какво промашување на кое божество?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сани точно знае на што ќе мисли кога тоа ќе се случи.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Низ оној прозорец што е свртен кон исток, го гледа брегот и неговото зеленило од разни дрвја: бор, костен, даб, јавор, багрем, липа, леска, евла, како и по некоја питома или дива слива, круша, црешна, кои никнале сами преку семките донесени од ветрот или птиците.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
шумот на ветерот или како драматичниот гурманолет станува историја ... кога водачот јавнат на столица пеејќи борбени песни за ноќните коњаници место следбеници слуша еребици зошто одамна не каснал дивеч туку мора секојдневно да џвака леб сирење и пржени пиперки кога сиот озарен довикува да ги стават во сос со кнедли тие следбенициите веќе сто и еден ден пред портата (тука водачот слуша торта и се облизнува над единствениот вкус на детството)во секој зрак што се одбива од полуразурната куќа на старецот откриваат нов збор а оној меѓу нив што го одредија да ја пренесува светлината занесен го носи сонцето во сонот и во здивот што го топли како со него да дишат далечните претходници...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Штом сонцето изгреа, од пресилен ветер или самоубиствен нагон, железната жена се преврте преку оградата и падна на улица.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)