вечна (имн.) - стража (имн.)

Туку го гледате со часови како вечна стража го заобиколува домот, нигде место не го бере.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
На вечна стража останаа на Копанче, Свети Илија, Котелце, Гупата и Горуша, на Бел Камен и Круша тие, вчера безобразно храбри и пред раѓање ветени за крунисување пред олтар...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Стоејќи на ридот под кој длабоко лежи бездната на Котелската Кула, ете, само се обидувам да си ја вообразам сликата за нив, но таа е бледа, далеку е од онаа вистинската во која војната беше дел од нивниот живот, од која едни останаа на вечна стража, други од неа излегоа осакатени, а трети го фатија неочекуваниот, но принуден егзил и голем број од нив засекогаш останаа во туѓи земји и меѓу туѓи народи...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)