вид (имн.) - животно (имн.)

Сѐ било вода во која живеел еден вид животинки: полноглавци со мали нозе и со жабри.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тоа се големи пространства и живеалишта на разни видови животни и птици.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Всушност стануваше и премногу очигледно дека Грофот ми приредува изложба на експонати кои треба да го поддржат неговото тврдење дека во овој свет на недоречености сè е привид а нашата вистина за жал е само илузија или лага од која тешко ќе се извлечеш ако ја преценуваш.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Привиденијава висеа и покрај ѕидовите; или неочекувано ќе се појавеа на премините; а напати ќе се здадеа од подотворените врати и на чуден начин ќе ги извиваа долгите вратови заемени од некои непознати видови животни.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Имаме одредени информации за создавањето на домашна територија кај некои видови животни што фрлаат мала светлина врз овој проблем.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)