вид (имн.) - критика (имн.)

Напротив, нашите катхези ѝ соодветствуваат на објективна структура на нивно барање, обликување и складирање која придонесува далеку повеќе кон значењето на некое дело од масовната култура отколку што придонесува истрошениот естетски дизајн, односно проѕирната идеолошка пропозиција, кој е сѐ што останува кога ќе се пренебрегнат. (68–69) Ова во прв ред е аргумент во прилог на значењето на масовната култура во „сентименталната историја на општествените групи“,123 а во втор ред е аргумент да се воведе во проучувањето на масовната култура еден вид критика која е поинаква од чисто идеолошката, критика што се сосредоточува на содржината на самата форма.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зонтаг ја изведува аполитичната природа на кампот од аксиомот дека кампот го нагласува стилот, а ја омаловажува содржината; зборува за кампот како отелотворение на „победата на ‘стилот’ над ‘содржината’“, иако поточно би било да се каже, како што брза Зонтаг, дека кампот внесува „став кој е неутрален во однос на содржината“.207 Во други нејзини сочиненија од истиот период, Зонтаг пизми против оној вид критика што го игнорира или го „тривијализира“ стилот и што за таа сметка му дава предност на „толкувањето“ на „содржината“; таа повикува поимот содржина да се стави каде што му е местото.208 Но, кога сме кај кампот, тоа што машката геј-култура постигнала победа на стилот над содржината, ја вознемирува Зонтаг.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)