вид (имн.) - во (предл.)

1 Како резултат на тоа, во првата половина на 2010-та, беше спроведена првата научно- истражувачка студија од областа на трудовото право и законодавство, којашто е единствена од ваков вид во Југоисточна Европа, а се занимава со проблематиката на правата на работниците во Р. Македонија во дваесетгодишниот транзициски период, насловена: Обезвреднување на трудот –  Анализа на трудовоправната легислатива во периодот на транзицијата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Речници од секаков вид во ова постмодерно време се само насетување на хаосот на заборавот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
За А.А., Атеистичкиот музеј во Скадар беше един­стве­ниот експериментален антиверски храм од таков вид во светот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
XIII Најпосле го чинам пресудниот чекор. Го минувам прагот на Атеистичкиот музеј, единствен од таков вид во светот, следен од зборовите на една белокоса старица: „Да даде Господ да ни живее вечно Партијата!“
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Авторот на книгата, при престојот во родната земја, ќе го соочат со пеколното демолирање на верските објекти, ликвидирањето на свештениците и на крајот со показот на Атеистичкиот музеј, последен од таков вид во светот (изграден во 1973 година по угледот на советските атеистички музеи од времето на Ленин и Сталин).
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Најпосле музиката се стишува, а од ѕидовите ечи силен глас: - Другари посетители, ги запознавте тајните на нашиот славен Атеистички музеј, единствен од таков вид во светот, историско сведоштво за победата на нашата славна партија над троглавиот Бог во нашата судбина...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Градината се отвора пред дождот како цветот пред видот во неа живее заборавениот свет на збиднатото.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Уште при првата средба со господинот што раководеше со развојот од овој вид во државата, јас му реков дека треба, тоест дека мора да се направи овој водовод.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Знам, вие ќе речете дека љубопитствата од ваков вид во овие установи не се пожелни; Знам, знам, се согласувам; но треба да сфатите дека не сум јас тој што прашува туку прашува едно мало дете; Знаете, тој ваш шеф, Бунде, или не знам што точно ви се паѓа, нас, децата од нашата улица, нè качи во градската кула и тоа дури на третиот кат!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Само за да ни ја покажел неговата машка гордост.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Примерите за одредување на формата со помош на избор со одредено траење или со преземањето на ритмичката структура на текстот од музичката композиција укажува на тоа дека кај Кејџ постои свест за некој мета-музички јазик кој може да се јавува во различни видови во распон од литературата до “чистата” музика.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Таа потреба се должи на неколку факти: - прво, на фактот дека расказот е книжевен вид во којшто се отсликуваат моќни и заводливи слики на светот; - второ, расказот е простор на свежи и живописни слики на современиот свет, па поради тоа е актуелен и алузивен, некогаш хумористичен и ироничен; - трето, расказот како жанр, стилски и јазично, е отворен за уметничко играње со сеќавањата, со имагинацијата и со мечтата на човекот (фантастични, чудесни и лудистички раскази); - четврто, расказот е облик податлив за различни и за широки читателски популации, затоа што од една книга на добри и одбрани куси раскази не се очекува да биде прочитана одеднаш како неделива целина, туку со паузи, а од секој расказ се очекува да биде прочитан во еден здив, со читателска страст и сласт; - и конечно, расказот како книжевен вид е сензибилен на промените во општествената/културната стварност, што влијае и самиот расказ да биде променлив по форма и по значење, потем да се популаризира во нови средини и меѓу новите генерации.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Племенска интелигенција: Најмалку во 22.000 години (приближно од 25.000 до 3000 п.н.е) технологиите на мислење-комуницирање на сапиенс беа како на пет-годишно-дете: телесни и орално-гестовни. 2.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Нашите млади, новорегрутирани видови во последно време поминаа низ неколку стадиуми на интелигенција: 1.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)