вид (имн.) - кон (предл.)

Така зборуваше Игор Лозински, а тогаш во татковата свест проработуваше силниот систем на асоцијации: Зарем јагулите на долгиот пат, кога се оддалечуваа од Езерото во морињата, во длабините на океанот, нели го губеа надворешниот вид и гледаа и со внатрешниот вид кон целта, кон морето и родниот океан, а на враќање, кон Езерото на нивните предци. ,,Треба да си лишен од родната земја”, - му велеше во една друга прилика Игор Лозински на Татко, - ,,за да ја љубиш својата родна земја со неземска љубов.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)