вид (имн.) - дека (сврз.)

Секако, веднаш треба да напоменеме дека оваа, да ја наречеме антитеза на „надворешна“ и „внатрешна“ состојба, се сфаќа само како метафора, бидејќи духот, кој не се одликува со просторност, не може да биде опишан како нешто што се наоѓа во простор.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но за да се исполнат нивните егоистички планови за убава служба, тие се готови да се покажат повеќе Бугари од самите Бугари, да играат улога на бугарски шовинисти, со неа да ги експлоатираат и бугарскиот кнез и интересите на Македонија, и на бугарскиот народ и на европското општествено мислење, со еден збор, да лажат и на десно и на лево, под вид дека исполнуваат некаков патриотски долг, а всушност да добијат служба, власт и популарност.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
По малку старински направена на долговечноста да потсетува и на заблудите за Земјата: дека постои до кајшто посега видот дека топка неправилно заоблена е око превртливо и од Меркур поитро...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Затоа се движиш, за да си дадеш вид дека ја бараш.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Националниот сепаратизам ќе се зголеми исто така и од лицата што ја осознаваат сета штета од националните и верските пропаганди, кои под вид дека ги бранат нашите интереси, безбожно ги експлоатираат нив, и коишто ќе се решат на борба за националното обединување на Македонците против сите тие пропаганди.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Затоа, по некој внатрешен порив таа почнува да ги турка фотелјите, столовите, да расфрлува сѐ по собата, давајќи ѝ со тоа вид дека е таква по битка и сугерирајќи дека Младичот, по борба, му избегал на Фезлиев.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Меѓутоа, дури и тогаш кога имаме во вид дека употребата на „надворешна“ и „внатрешна“ состојба е само метафора, прашањето за тоа како духот и телото на една личност влијаат еден врз друг останува оптоварено со голем број непознати.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)