виделина (имн.) - излезе (гл.)

Во таа колку идилична толку и трогателно наивна слика на конечното оздравување на хрватското општество во која одеднаш просветените политички екстремисти покајнички паѓаат на колена пред симболичкиот претставник на златната општествена средина - во популистичката верзија на Готовац, пред народот, а во елитистичката на Кравар, пред “неутралниот граѓанин” - на виделина излегува темелното недоразбирање врз кое Кравар ја гради својата визија за хрватското општество.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Следното такво подрачје каде што на виделина излегува темата на телото е комплексот прашања поврзан со технолошкиот развој кој телото го опремува со надворешни помагала, продира во него, ги надоместува или подобрува неговите расипани делови, дури може и генетски да го промени.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ако мажите во своите концепции жените ги приближуваа кон телото оддалечувајќи ги од духот, кого го чуваа за себе, денес жените го грабнаа тој идеологем и го употребуваат како оружје во критиката на андроцентричниот и логоцентричниот дискурс кој се претставува како несексистички и општочовечки.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)