вино (имн.) - од (предл.)

Пред да влезе во Академијата во Фиренца една селанка намирисана од медитеранот се фали дека смоквите годинава дале богат род, а кога излезе од Академијата прошепоти дека работата не била во смоквите туку во лисјата и дека тие наеднаш исушиле и суви се изрониле баш кога Микенанѓело му го заоблувал левото маде на Давид.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Пред тоа испив голтка вино од жудливо грозје што го раѓа од песок Македониичкава, ме натера домаќинот да го сторам тоа, го опијанив срцето и појдов во длабочините на животот да ги поздравам оние што не се веќе мртви и да им раскажам како почна највозбудливиот ден на овој свет: ја видов 'рженокоса, пораснав, треската што ме мачеше изгоре од огнот на крвта премногу зовриена за да не знае што се случува во шеснаесеттата година.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ја изгубив сметката на времето и се најдов меѓу изгубените од дружината, врел, со развеана коса и со очи обземени од копнеж без сочувство на луѓе што еднаш веќе минувале по светлосната врвица на првата младост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Има само една сина сенка, само толку сина сенка, колку по неа да може да се расплисне богатата месечина, што истечува како полн плисок заискрено бело вино од онаа огромна топка на небото, што стои на самата негова средина, како усвитен, пребликнат саан.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ќе ја земеше авланката за вино и ќе прашаше: „Од кое да наточам: од „јагнешкото”, од „арсланешкото” или од „свињешкото”? и ја кажуваше приказната за дедо Ное, кој, кога ја засадувал првата лоза, некои прачки ги залеал со јагнешка крв и благословил: тој што ќе пие вино од овие прачки, да пие по малку и да биде кроток како јагне; другите прачки ги полеал со арсланечка крв и благословил: тој што ќе пие од овие прачки, да пие троа повеќе и да биде силен како арслан; третите ги залеал со свинска крв и благословил: тој што ќе пие од овие прачки да лока како свиња и насита да нема...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Лозовите лисја некако кулртулиле од оваа наезда, не толку поради сармичките од лозов лист, колку поради виното од кое, ако не сте знаеле, најмногу светнуваат кубињата на сите цркви во Тоскана, во погледите на белосветските туристички талкачи.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Салото под елекот закитен со тежок сребрен синџир му се бранувало од задоволство додека ја гледал толпата обземена од тапа љубопитност, пред секакво чудо и сите што му биле и што ветувале дека ќе му станат купувачи на басма, шајак и јамболии можеле да се восхитуваат и да му се чудат - коњот пиел вино од поило и по команда се исправил на задните нозе.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
На терасата имаше повеќе скари за станарите од зградата и голема трпезарија комплет опремена, каде што ја јадевме вкусната риба и пиевме вино од регионот.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)