вир (имн.) - во (предл.)

Нешто се напнуваше, нешто не можеше да биде задржано, а после, сосема наеднаш, по сета негова внатрешност избликна од некој скриен вир во него и се плисна по неговото лице, едно чувство, од кое сега почнаа да му лазат некои меки, едвај осетни допири под очите, тоа го зајазлуваше неговиот здив, сѐ додека сиот не се згрчи и не препукна во едно придушено липнување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Која Марија си ти? праша. Чу: гледај ги зелените вирови во моите очи, бакрените водопади во моите коси, треперењето во мојата кожа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Некаде во близината, но невидливо, мора да тече едно поточе со зелени вирови во кои пливаат белвици.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
ЛЕНА: Мишко, Мишко, само без додатоци, не ги накрнувај твоите цитати; а со нафтата не мора да брзаш, ти секогаш оставаш по цел вир во визбата. Мишко излегува.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)