вистина (имн.) - кој (имн.)

Но како да пристапам во откривањето на некоја вистина која и за мене претставува тајна?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Со моите мали и речиси никакви познавања на патиштата по кои замина за да се загуби а можеби и да исчезне засекогаш човекот што толку го засакав, на што ли ќе му заличеше тој човек за кого ќе тврдев дека му е татко?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Папируси полни со празни зборови, зборови што можеби се плод само на неговиот ум, а не на Божјата вистина која се населила во него.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Зборови што се случиле заради студот што цел ден го сеќаваше, заради болките во зглобовите, заради лутината кон Петар, заради љубовта кон Лидија, заради каењето за Стефан, заради стравот од непостоењето...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Богуле, плашејќи се да ја каже вистината која го мачеше, сѐ повеќе стануваше нерасположен, потиштен, се затвораше во себеси, тонеше во долго спиење, во сон.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)