вистина (имн.) - не (чест.)

Затоа и му одговара да пишува дека божем не постои една вистина, или дека вистината не е чиста, дека обидот за чист план се извлекувал, дека таквиот план, под чудни (чудни!) околности, се уривал.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Уште тогаш М.Ѓурев, беше помислил дека вистината не е како судбината на човекот, неа не можеш да ја покриеш со неколку лопати земја.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Србите направија преврат и во сфаќањата и стремежите на Македонците, преврат вистина не и во нивна полза, но уште помалку во бугарска.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Мојава приказна (земајќи во предвид дека само со В-то од вистината не можам да утврдам кога точно за почнала), да речеме, почнува од еден знак.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Зедовме напишавме, ама нашата вистина не им се допаѓа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тоа е општоважечко правило.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Едноставно речено: на вистината не смееме да и ги затвораме очите; јас сметам дека секоја приказна што се случила и веќе живурка треба да се здобие и со нозе.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сакам да му речам уште и дека вистината не брза да зајде иако секогаш не зависи од нашата волја.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)