вишок (имн.) - килограм (имн.)

Само што ја направи оваа брза анализа пред вратата се појави ведра жена во полн налет на зрелоста чии телесни атрибути кажуваа дека држела до себе , ни грам вишок килограми, ниту една брчка на лицето; веројатно негувано со скапа козметика, помисли Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Така, јас нервозна и со вишок килограми, оставена на милост и немилост, сфатив дека потребата за секс е нормална појава.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Отспротива се наоѓаше една корпулентна девојка која имаше вишок килограми, но имаше и вишок од кеш кој на Трпе секако му беше неопходен за да опстане во гладијаторскиот смрад Скотје.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)