вклучен (имн.) - во (предл.)

Беше задолжена на својот претпоставен да му пренесува што повеќе детали за Ема, посебно за нејзината врска со мажот што ја прибра во својот дом и за нејзината евентуална вклученост во секторот на слободни асоцијации во остварувањето на целите за легализација на проституцијата.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Никако не можеше да ја разбере нејзината вклученост во борбата за легализација на проституцијата.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Но, возможно е и дека клатното можеби се занишало премногу во спротивната насока.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тогаш, тоа што Џоан Крафорд, заедно со нејзината вклученост во овие насилни сцени од судирот мајка-ќерка, ги презела машката култура и ги ставила во жариштето на преизведбата и на пародијата не е сѐ.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И штом, во нашево хомофобично и сексофобично општество, е секогаш лесно да се нападне геј-сексот, а е мошне тешко да се брани, изгледа не вреди да ѝ се купува угледност на машката геј-култура со нејзино спасување од неугледната вклученост во машка геј-сексуалност, како што се мачи да направи Лари Крамер (кого Фелоус го цитира двапати): „Сигурно во геј-културата има повеќе од само курови“, вели Крамер.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако се осврнеме на резултатите од нашено претходно испитување на прагматиката на кампот, ќе сфатиме дека целосното доживување на мелодрамата како камп не укажува само на обезвреднување на мелодрамата туку и на препознавање на сопствената сентиментална вклученост во мелодрама.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Вистинска гордост ќе имаме само кога ќе бараме признание на култура што не е само сексуална“ (небаре култура што е само сексуална би била сосема срамна работа – или, барем, небаре тоа би било нешто со што не би се гордеело ниедно пристојно човечко суштество).361 Но, вистинскиот проблем не е што машката геј-култура веројатно ќе се сведе на ништо повеќе од само курови.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа нужно подразбира доброволно, општествено вклучувачко учество во недостоинствените задоволства на мелодраматичната изведба – задоволства што произлегуваат и од силните емоционални полнежи и од нејзината самопоништувачка театралност, од нејзината сериозност, како и од нејзиниот неуспех.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Затоа, третманот на мелодрамата како камп подразбира да се пресврти, иако е тешко да се избрише, надмоќниот, надмен став кон неа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Иако сигурно е точно, како што вели Фелоус, дека „гејството подразбира многу повеќе од сексуални партнери и практики“, не мора нужно да заклучиме дека геј-културата во голема мера произлегува од женствената родова ориентација и од инаку „несексуалните димензии на природите на геј-мажите“, како што и тој тврди.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тој не ја сфаќа мелодрамата буквално и неиронично, но не ја ни критикува.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тие не би оделе да го чујат Шуберт или Шопен.(...) Но поради својата природна вклученост во популарната музика и преку Cramps-овата реклама беа довлечени да дојдат на мојата програма.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Техниката работи на тоа да ги одложи традиционалните поими на референца и да ја одолжи нивната вклученост во дискурсот во кој се јавуваат - не дозволувајќи да бидат пренебрегнати, субсумирани, разбрани и со тоа замолчени.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Токму тука медиумите играат клучна улога, не само за влошување, туку и за подобрување на квалитетот на дискурсот.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Фокусиран врз рационална критичка аргументација и користење на разумот, во Хабермасовиот модел квалитетот на јавната сфера и нејзиниот придонес за демократијата зависи од два фактори: квалитетот на дискурсот (рационално расудување и аргументација), како и количеството на учество на граѓаните (ниво на вклученост во јавните работи). 108 Всушност, токму постепеното проширување на јавната сфера за да се обезбеди поголема инклузивност за Хабермас е еден од факторите кои одат на штета на квалитетот на дискурсот.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)