влада (имн.) - ќе (чест.)

Жителите многу страдаат и императорската влада ќе му направи голема добрина на местото ако благоповели да ги земе во внимание оправданите желби на населението и да го ослободи од натурениот пастир.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
14. “Владиното соопштение” изјавува оти руската влада ќе ги бара за Македонија оние реформи што се изработени во месец февруари од Зиновјев15 и Каличе16 и оти тие реформи се само почетокот и ќе бидат развиени понатаму сообразно со нуждите на жителството.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Неговата влада ќе биде соборена од демократската револуција на Фан Ноли.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Романската влада ќе бара за Власите романски јазик, а Патријаршијата со видните парохијани ќе бараат грчки.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Како резултат на таквата активност од британска страна, во наредните месеци НОВ и ПО на Југославија ќе стекнат нови, не само војнички туку и дипломатски предности како кај владите на антихитлеровската коалиција така и на страниците на печатот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Најочигледна потврда за британската промена во поглед на настаните во Југославија претставува одржаниот говор на Черчил на 22 февруари 1944 година во Долниот дом, кога тој пред членовите на Парламентот многу пофално се изразил за НОВ и ПО на Југославија и за улогата на маршалот Тито, со потенцирање дека Британската влада ќе им помогне партизаните, но и дека кралот и неговата влада, кои нашле прибежиште во Велика Британија, не може да ги отфрлат и затоа ќе се настојува да се пронајде компромисно решение.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тие ќе ги земаат ако сакаат.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Порано или подоцна владата ќе мора да фати чекор со она што луѓето во земјата всушност го прават.“
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)