влегува (имн.) - во (предл.)

Духот тоа не смее да го заборави.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Со тие идеи, по мое мислење, Спиноза е еден од актуелните мислители за влегување во наредното столетие. разговарал: Горан Сергеј Присташ (Фракција, 4) тематот го подготви и преведе: АртАнгел Маргина 37 39 Владимир Гавчев Медитации за духот и телото И Врховниот Бог се насмеа, па заплака, почувствува безгранична љубов, па ги соедини човекот и неговата Душа.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Посматрачот всушност се врти во реалното време и простор, истовремено пак со таа активност предизвикува некои потполно поинакви, преку компјутерските програми симулирани ефекти, коишто му овозможуваат влегување во пара­лелните простори и со тоа нивно испитување и населување.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Виртуелната актив­ност на посматрачот е овозможена токму од тој домашен, хуманизиран интерфејс во форма на стол; тоа ни укажува на авторовата досетливост да ја симулира во уметнички медиј вистината на текстот на Вирилио за „последното возило”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Веќе го напуштивме франкфурт, кога го заобиколивме големиот фудбалски стадион, каде што нашите фудбалери ќе си ги измерат силите со шпанските - за влегување во светското фудбалско првенство.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И треба да се запомни: за влегување во текстот не постои еден клуч, туку цел комплет, при што треба да се знае како користењето на калауз така и развалување на вратата.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
А што е за право, беше начул дека секое досегање на погледот до дното на залепеното грне е треперливо влегување во јатката на најубавиот збор.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Македонија повторно била поделена и со фронтовската линија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
По бугарското влегување во војната (14 октомври 1915) Бугарија го зазела делот на Македонија под Србија и источниот дел на Македонија под Грција.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Посебно, според Мекдоналд, Видое Смилевски-Бато “не им дозволувал на членовите на мисијата да разговараат со селаните и дури им барал дозвола за влегување во земјата, која дозвола мисијата не ја поседувала“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Исто така мисиите “не смееле да го знаат движењето, распоредот и оперативните планови на нашите единици“.286 На 5 октомври ГШ на НОВ и ПО на Македонија ги известува штабовите на своите единици “сите сојузнички групи и поединици кои немаат дозвола за влегување во земјата да се задржат кај вашиот штаб и веднаш да не известите како се викаат, од каде се пристигнале и со каква задача“.287 Видое Смилевски применувајќи ја оваа директива им забранил на членовите на мисијата Conserve да имаат контакт со “селаните и бара дозвола за наше влегување во земјата. Таква јас немам“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
- Во Атина се жени со германска Еврејка Лиза Клапер за да � овозможи влегување во САД. 4 1939 - 45.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Секое влегување во оваа соба ѝ одзема по малку од снагата, ја враќа таму од каде вее тага, болка, згасната смеа, недоживеана радост, одмината среќа...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Трагал до зори, до Мајкиното ритуално влегување во собата, небаре во проверка дали, меѓу Татковите книги, е сѐ уште тука Татковиот живот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Навраќањето во споменот навејува често чувство на влегување во храм, што си го изградил некогаш скришно и сам во непристапен предел на мислата, на најтајно место!
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Освен тоа, некој, па дури и братучедот Герман, треба да си рече дека случајот бара влегување во куќата.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Но како никој, ни копуците, како што беше Борис Енда, не се согласуваше да влезе во колектив, Пената, на една конференција организирана за влегување во колектив и против бога, фати облог со мажите дека тој, ако се согласат тие да влезат во колектив, и за да им докаже дека веруваат во глупости, сам, ноќе на полноќ, ќе отиде на Самовилец и оттаму, за доказ дека бил, ќе го донесе копаничето со кое луѓето црпеа вода од кладенецот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тие луѓе од циркусот навистина го доживуваа светот надвор од нивниот круг, околу нивната одбранбена територија како опасен и чуден; сум читал дека сите животни имаат таква одбранбена зона, и дека таа се движи од неколку милиметри кај мравката до три метри кај лавот; тоа дресерите на лавовите добро го знаеја, и должината на нивниот бич беше токму толкава колку што изнесуваше „забранетата зона“ за влегување во просторот на животното.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Неочекувано чувство го обзеде младиот човек, застрашувачка возбуда, и за да го одложи своето влегување во кулата, тој го одврза својот десен чевел и од него ја истресе нечистотијата, што беше се нафатила додека одел преку премачканите коси влезови.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Милер не артикулира некоја општа вистина: тој го опишува конкретното значење на еден конкретен општествен облик.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На овој крстопат во развојот на анализата на квир-културата, секое средство на машка геј-идентификација – секоја реплика, секоја сцена, секој филм и мјузикл, секоја дива – треба да се изучува со сета негова особеност, за да може да се разоткрие значењето на единствената формална структура што го сочинува. ‌Во тукашниов случај, доволно е да се забележи дека во Милдред Пирс навистина се работи за изведба, конкретно за изведба на мајчина згрозеност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, тука не се работи за бината, а и таа не ја претставува мајката како лик што му овозможува на своето дете скапоцено место за влегување во изведбата на општествено валоризиран идентитет. (Напротив: Милдред се венчава со Монте за да ѝ даде на Веда шанса да избега од унижителната нужност да исполнува нумери од мјузикли на некоја кабаретска сцена пред машка публика.) Несомнено е дека сцената со насилниот судир меѓу мајката и ќерката во Милдред Пирс му нуди на геј-гледачот кампска пригода да броди низ трауматичната возможност да се доживее отрфлање од мајката и, со тоа, општествена обездозволеност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Со секое повторно влегување во купето чувствував дека внатре е загушливо и се ширеше некоја непријатна миризба.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Силниот тресок на печатот врз картончето наеднаш ме потсети на ланското влегување во Грција преку граничниот премин Ники.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Од раскажувања знам дека од тука владината војска сакаше да се пробие зад грбот на партизаните на ДАГ и на тој начин да им ја отвори вратата на тенковите за влегување во Смрдеш и затворање на патот за отстапување во Албанија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сите консултирани во Бугарија биле свесни дека Братството немало никакви сили за да се бори против Организацијата, а со негово влегување во нејзините редови ќе може многу повеќе да придонесе за врховистичката кауза.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
На пример, нивното често излегување и влегување во “бакалицата“ колку да се вршело внимателно, не можело сосем да се скрие.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Луѓето долу, на улицата, имаа смалени фигури и беа раштркани по плочникот, ретки автомобили брзо ја пресечуваа стеснетата бела врвица по средината, само двократниот црвен автобус, откако ќе се занесеше на завојот од плоштадот, на влегување во главната улица, лазеше тука рамно, притеснет во некоја своја одредена четвртеста линија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Претпазливо, како да ја испитува издржливоста на железните пречки што го држат, се наведнуваше со телото над уличната бездна, сеќавајќи го уште посилно засекот на железото во мекото месо на подлактицата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Гледаше сега непосредно под себе, кон плочникот од куќата над која беше застанат, направо во луѓето што поминуваа и нивните фигури му се чинеа уште посмалени, како прилепени кон земјата, сѐ додека не изминеа малку и не ја покажеа постапно својата исправена положба.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ова беше, фактички, мое прво денско влегување во станот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Проблемот на насловот на овој семинар е во арбитрарноста на оние што проценуваат што е “хендикепирано” а што не е, и поради тоа, свесен за опасноста од влегување во нови нивоа на арбитрирање, се обидов да ја растурам (со дување!) “материјалноста” на “нехендикепираната куќа”, нудејќи умножени холограмски фрагменти на еден текст кој е “децентриран холограмски дом” самиот на себе итн, некаков концепт на руски куклички, ви се нуди, почитувани “ѕидари” во мисија на создавање како постабилен така и послободен свет, што можеби е противречно, а можеби и не е.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Откако сѐ провртеа и, бидејќи беше зима, немаше баби на клупи на видик, похрабрите правејќи бучава, божем се работи за најлегално влегување во стан, се обидоа со хебла да го избијат цилиндарот, а не одеше лесно, па нервозниот ја скрши вратата со клоца.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Долу над балконот за влегување во самата куќа, насреде двокрилна врата.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Шифрантот Иваз уште од самото мое влегување во амбасадата ме задолжи со редица општи и тајни прописи кои морав само јас да ги знам и да ги чувам во мојот челичен сеф, заклучен со шифра што ја знаев само јас (а можеби и шифрантот).
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Заврши последната есен на диктаторот во раскошната палата на Картагина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Земјата првин со декрет требаше да се ослободи од неговото насилно, организирано и систематско влегување во историјата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во храмот Света Софија, на чии ѕидови запрела светоста, летот на синиот ангел, како симбол на човековото вечнеење меѓу земјата и небото, потоа на поетскиот мост на излезот на реката Дрим од Охридското Езеро, на пат кон морињата на светот во далечната 1978 година се славеше враќањето од егзил на големиот шпански поет Рафаел Алберти, но и другото враќање од егзил на палестинските поети на чело со нивниот бард Махмуд Дарвиш.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И така се случуваше во далечната 1978 година, на брегот на светската поезија да се слават две чудесни враќања од егзил, можеби единствени во светот во книжевната историја (еден друг начин на влегување во историјата освен владетелското), овозможени од моќта на поезијата, на шпанската и палестинската поезија, на поезијата воопшто.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тешко можеше да се замисли јазичниот пуризам на возможно на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Нивното пренесување од генерација на генерација, нивното жилаво одржување преку влегување во спрега со други зборови, тешко можеше некој да го искорени.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ја знаеше нивната слаба точка која, всушност, беше нејзина девиза: подготвеност за влегување во непредвидлива, ризична авантура, наспроти враќање назад, дома, меѓу своите, со лузните што ги носеа на челото и на газот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Влезот држеше каде – каде пониска температура од надвор,и во летните месеци, со самото влегување во него Александар го заплиснуваше ладна свежина.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Тоа конкретно би значело дека во случаите на оние невработени лица кои поднеле барање за доби- вање паричен надоместок до денот на влегување во сила на измената и дополнувањето од април 2006 година, наместо согласно поповолни- те одредби од 2005 година, би се одлучувало согласно одредбите од 2006 година.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Табела 2: Време за кое се исплатува паричен надоместок според скали Покрај ова, со измената и дополнувањето од април 2006 година дури се предвидуваше барањата за остварување на правата од осигу- рување во случај на невработеност кои ќе бидат поднесени до денот на влегување во сила на овој закон за изменување и дополнување да се решаваат според овој закон (чл. 4).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Законот содржи, сè на сè, десет члена. 2.  По неговото влегување во сила, овој Закон, поради пререстриктивните услови и ди- скриминацијата кои ги воведе (имено, од околу 5.000 – 6.000 лица во иста ваква положба – за коишто, патем речено, имаше обезбедено парични средства со ребалансот на Буџетот на РМ за 2008 година, со него беа опфатени само околу 2.000!?) – тој беше оспорен пред Уставниот суд на РМ, преку рекордни девет различни претставки, од страна на повеќе лица-иницијатори, меѓу кои беа и дел од авторите на овој труд – Апасиев и Савески.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Петре пак, пред самото влегување во окопите, помина преку своето село Старавина, го виде разурнатото дедово оганиште, упропастените лозја, ливади, исечените кории, та може да се замисли со каква омраза во душата отиде да се бори.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сѐ што беше да се пее: за фаќањето на Ристоса, за распинањето, за закопувањето, за влегување во пеколот од каде го извади Адама, та и за самото негово воскресение се пееше цела недела пред Велигден.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Училишниот прислужник Геро, пред да забрани власта секакво излегување или влегување во селото, му го открадна коњот на болничарот што дојде од град и одјури некаде бегајќи ѝ на болеста.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Нему му беше јасно дека на Балканот при секое излегување од еден лавиринт го очекува влегување во друг.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Прегратката на маж во која без да сакаш ќе налеташ е нешто сосема друго се трудеше да ми објасни Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во главата го бев понел и сиот оној план грижливо создаден во спомнатата самица.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И ова ми го соопштуваш на ист начин како на пример она твое влегување во НАМА за да пробаш здолниште, приговарав, и тоа сосема оправдано.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тоа беше моето последно влегување во канцеларијата на Грофот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Потоа дојде кај нас и ни рече: - Еден свиреж значи влегување во вода.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Учителот и таа година му ја кроеше капата: при секое влегување во училницата го земаше на нишан: - Е, Коле, Коле, и оваа година, гледам, ќе те прерипа.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Тие го постигнуваат тоа не преку негирање на доминантниот дискурс на историска меморија и потрошувачка, туку преку влегување во дијалектички разговор со јавноста, во обид да се воспостават односи меѓу различни историски рамки, симболички контексти, како и социјални и политички партии конфигурации: „За мене, централно прашање е каде сме ние денес со демократијата во однос на уметноста?
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Надзорот служи за да се одржат границите преку дефинирање на основите за исклучување и вклучување.“
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
147 Политизирајќи ја свеста на гледачите преку очудување на познати архитектонски обележја, проекциите на Водичко интервенираат во урбаната топографија произведувајќи нови значења и пораки, 146 Rosalyn Deutsche, “Art and Public Space: Questions of Democracy,” Social Text - No. 33, (1992): 43. 147 Krzyszrof Wodiczko, “Strategies of Public Address: Which Media, Which Publics? ” and “Discussion,” in Discussions in Contemporary Culture, ed. Hal Foster, no. 1 (Seattle: Bay Press, 1987), pp.42,48, цитирано во Erika Doss, “Raising Community Consciousness with Public Art,” American Art – Vo;. 6, No. 1, (Winter, 1992): 79-80. 116 принудувајќи гледачот да го преиспита политичкото кое што лежи во основата на архитектурата.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Види Gary T. Marx, “Some Conceptual Issues in the Study of Borders and Surveillance, in Global Surveillance and Policing: Borders,” Security, Identity, ed. Elia Zureik and Mark. B. Salter (Cullompton: Willan, 2005), 13. 56 David Lyon, “The Border is Everywhere: ID cards, surveillance and the other,” in Global Surveillance and Policing: Borders, Se- curity, Identity, ed. Elia Zureik and Mark. B. Salter (Cullompton: Willan, 2005), 67. 43 „Спротивно на трендот од последните неколку децении, многу општествени граници се сега потешки за преминување – било да станува збор за влегување во друга земја, соседство или зграда, барањето на емиграциски статус или статус на азилант или информации – додека некои лични граници се полесни за преминување како резултат на новите закони како што е Patriot Act“.57 Всушност, токму личните граници стануваат попропустливи, а не општествените, што има негативен ефект врз човековите права.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Едно влегување во училницата, тој фрлаше врз мене опуљ и отсечно ме прашуваше: - Како се вика дедо ти?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
При секое влегување во даскалницата, Петрета го наоѓавме со камена плоча на скутот како ја глода со тоа едно максуз направено чеканче за кошање камен.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Влегувањето во одделението Пеличка го доживеа како и првото влегување во една од црквите.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)