влечка (имн.) - и (сврз.)

Имав мал проблем затоа што малото беше заспано, па онака, по пижами, во ќебенце го префрлав на задното седиште на прастариот модел од „Мицубиши колт“, силвер боја, а јас, по влечки и во пижама, модел над кој мораш да се замислиш, во смисла, „јали ќе легнува, јали ќе џогира“, пичев за да не ме чека детето пред фонтана во парк.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ме пречека истата лоша продавачка, со синиот комбинезон, белите влечки и бушавата коса.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Митко се извлече од под јорганот, ги навлече влечките и ѕирна во кујната.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Кате стана, го соблече фустанот преку глава, ги отфрли чевлите како влечки и влезе во бањата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)