внимание (имн.) - ги (зам.)

Од своја страна членовите на британските воени мисии со посебно внимание ги следеле тие информации.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Британските воени мисии Mulligatawny и Monkeywrench по пристигнувањето во ГШ на НОВ и ПО на Македонија станале сосевен дел од неговите активности и со посебно внимание ги следеле и известувале за сé што сметале дека може да биде од интерес за штабот на СОЕ во Каиро.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Едниот ја вртеше низ раце мојата капа за сонце, а другиот си игрше со мојот тениски рекет и со топчето.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
На чистинката меѓу грмушките непознатите седеа околу огнот и со внимание ги разгледуваа нашите велосипеди.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тоа била и основната причина зошто Велика Британија со големо внимание ги следела разговорите за федерација меѓу Југославија и Бугарија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во една таква ситуација, британската дипломатија ги активирала сите свои тогашни дипломатски сили со цел да ги заштити своите витални интереси на Балканот наспроти советските.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Ваш Луан Старова XXIX Мојата верна читателка Елен Лејбовиц со големо внимание ги следеше драматичните настани во Mакедонија пролетта 2001 година.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Вчера, во медиумите се зборуваше за вистински дипломатски балет во Скопје, додека г.Ричардсон и г.Солана брзаа на средба со претседателот Трајковски.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
По него јаваа, двајца по двајца, другите бегови на исто така зелени, црни, бели, црвени коњи, не полоши од кадиниот Зеленко, но со внимание ги држеа поназад да не го навредат својот беглер-бег и кадија од кого што зависеа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Полека и со внимание ги бришеа листовите на фикусите, филадендроните, палмите, адамите и кралските бегонии.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Писателката со внимание ги слушаше монолозите и дијалозите од нејзиното творештво.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)