внимание (имн.) - го (зам.)

Алексис Лорка Lire,été 1997 Се случуваше во еден од првите париски октом­ври­ски денови кога во Сенатот на Франција, сенаторот Робер Бадентер водеше една исклучителна сесија: поезијата овде се соочуваше со големите проблеми на човештвото, за што нашето внимание го обземаше Едгар Морен; неговата анализа, неговата мудра елоквенција, му оддаваше заслужено признание на последното дело на Луан Старова, објавено на француски јазик - Времето на козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но, наеднаш среде тој вриеж од луѓе, вниманието го привлекува продавачот на змии, што ги носи под кошулата, ги гали, ги вади, ги пушта, па оваа морничава глетка конечно може да го натера човека да побара посвеж воздух надвор од „Капали чарши“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сите ги свртевме погледите кон телевизорот, а нашиот разговор за секојдневните теми престана и сето внимание го всредсредивме кон она што се одвиваше на телевизискиот екран.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во основната функција на новиварскиот опус на Никола Кирков, и тогај кога своето внимание го насочува кон изградбата на мостовите и тогај кога спроти Божиќ патува по жестоките ветришта и луњи низ Европа, е - човекот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но во истиот момент неговото внимание го привлекува нешто друго, тој го заборава Савета и провлечува со многузначителен глас: - Соколе, гулабот!
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Мирче со особено внимание го ислуша Толета и ја одобри постапката.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во овој период британските воени мисии со посебно внимание го следат движењето на германските единици и нивното повлекување и за тоа го известувале својот штаб Force 399 барајќи да се бомбардираат правците Лариса- Лерин- Прилеп и патот Дојран- Валандово- Струмица- Штип.272
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Нашето внимание го привлекуваше кружен бакарен сад со цевки што поаѓаа од неговиот горен дел, па потоа веднаш свиваа надолу.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Си дојде дома со најсреќно расположение на духот, го соблече шинелот и со внимание го закачи на ѕидот, откако му се израдува уште еднаш на сукното и на поставата, намерно ја извлече за споредба својата стара риза, што беше сосема излитена.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Вниманието го заглавив на далечинскиот управувач кој, пак, беше веќе заглавил на Плоштад Македонија на кој беа преместени градските гробишта, и мноштво луѓе палеа свеќи за покојните.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Моето внимание го привлече фактот што многу фабрики во Република Македонија што произведуваат стока за широка потрошувачка, денес фактички се „производители” и на импозантни количини на шкарт.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
На Татко му беа добро познати кажаните и други податоци за маалото, но тој, сепак, со внимание го слушаше Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се разбира, одговори Татко, но за да се дојде до нив, потребни се големи истражувања, најмногу во цариградските архиви.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко со големо внимание го слушаше својот пријател, кој се чини за прв пат во една голема исповед го ослободуваше тоа што беше длабоко потиснато во душата и можеше да дојде до катарза во исклучителни околности или да остане засекогаш потиснато во него.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Затоа сега со исклучително внимание го слушаше Климент Камилски, кој му зборуваше, всушност, за можноста некогаш да се оствареле неговите замисли и илузии: Се најдов пред вечната Сорбона, во таа стара и нова европска вавилонска тврдина, центарот на нашите балкански младешки илузии.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Маалата во османскиот период биле раздвоени врз верска основа на муслимански, христијански и еврејски, но и врз етнички карактер.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски, замислен и натажен, но со посебно внимание го следеше Татко кога говореше за книгите на џамијата и внесено го праша: Но дали се знае некое од имињата на авторите и книгите на оваа најголема библиотека на времето во Османската Империја и подалеку?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Беглербегот, кадијата и другите мезличари, меѓу кои беше и Аџи-Рампо, со внимание го ислушаа разузнавачот и почна советувањето за решавачкиот напад. – Така значи? – почна прв кадијата. – Само од сите страни ако ги нападнеме ќе можеме да ги совладаме, а? – Така рекоа, честити кадијо? – одговори Аџи-Јане.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Откако, според нивните чувства и уверувања, се на­ве­сту­ваа подобри времиња, Мајка и Татко своето целосно внимание го насочија кон нашето школување.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кој како влегуваше, откако ќе фрлеше општ поглед преку кафаната, вниманието го разгледуваше јабанџијата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Цветан Горски со внимание го слушаше секретарот, кој продолжи: - Новиот човек ќе се кали само во градба на големи, гигантски објекти!
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- А кој ти е оној? - праша Господ покажувајки со погледот кон џамлакот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И додека зборував за слободата, и за празнувањата низ кои се движиме, а колегата Господ, со напрегнато внимание го слушаше мојот утрински разговор со чистачот на чевли (неколкупати дури и ме потпрашуваше за умувањата на Кадрија), онаа чудна индивидуа, која ја бев забележал потпрена на дрвото од кое се разлеваше празничната музика, сега ја забележав како стои на џамлакот на кафеаната на Иле Битолчанецот оџагарена во нас.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во тој период со големо внимание го следев творечкиот орус на Едгар Морен, кој во просторите на поранешна Југославија веќе беше претставен со петина најпознати книги, меѓу кои посебен одек и влијание имаа книgите Човекот и смрtта, Духот на времето, Автокритика, Како да се излезе од XX век, Промислување на Европа...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тие со посебно внимание го следеле текот на заседанието, посебно говорите на македонските и југословенските политички лидери.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Непосредно по завршувањето на заседанието, мајорот Милер своите импресии ги доставил до Меклин, а овој ги препратил до Форин офис.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Секогаш кога ќе се спомене нејзната омилена розова боја, Бреза на сѐ друго заборава и целото внимание го свртува на розовиот предмет, или приказна, или ...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)